Како се негуваат Наоми Вотс, Скарлет Јохансон, Кејт Мос и Хејли Бибер? Вака!

Мантрата „колку поедноставно, толку подобро“ во последно време ја користат многу козметички брендови, кои сè повеќе ги поддржуваат познатите личности – Наоми Вотс, Скарлет Јохансон и манекенките Кејт Мос и Хејли Бибер.

„Помалку е повеќе“, флоскулата што претходно главно се поврзуваше со принципот во модата, сега има свое дополнително значење во козметологијата: го опишува принципот до кој треба да се придржуваме во негата на кожата, но и во однос на природата, во смисла на еколошка прифатливост. Токму поради ова „прочистената козметика“, или чистата убавина е вистински хит во светот, а неодамна почнаа да ја следат и некои познати дами, кои основаа и свои линии за чиста убавина. Станува збор за Наоми Вотс, Скарлет Јохансон, Кејт Мос и Хејли Бибер.

НАОМИ ВОТС И STRIPES

Актерката Наоми Вотс на 54-годишна возраст јавно проговори за првите предизвици на менопаузата, притоа презентирајќи ги производите на Stripes, нејзиниот бренд за нега на зрели години. Во таа пригода, таа откри дека не е подготвена за рана менопауза, која ѝ се случила веќе во четириесеттите.

Чувствував како да ја губам контролата над моето тело и ме фати паника. Меѓутоа, со текот на времето, стекнав нова самодоверба и научив да се грижам за себе на нов начин. Да ги заборавиме бесмислените термини како против стареење и благодатно стареење. Време е конечно да ’старееме удобно’ и да продолжиме да уживаме во животот, изјави актерката минатата година кога го лансира козметичкиот бренд базиран на природната амино-киселина – ектоин.

Оваа состојка ѝ помага на кожата да ја одржи влагата, поддржувајќи ја хидратацијата и во подлабоките слоеви на дермисот. На тој се намалува појавата на брчки, а ектоинот ѝ помага на кожата да се заштити од штетните УВ-зраци на клеточно ниво. Производите содржат и сквалан, маст што го регулира лачењето на себум, па дури и оние со мрсна кожа можат да го користат.

За разлика од другите видови маснотии, скваланот нема да ги затне порите и да ја замасти кожата, туку само ќе ја зголеми апсорпцијата на други корисни материи кои се наоѓаат во козметичкиот производ.

ХЕЈЛИ БИБЕР И RHODE

Манекенката Хејли Бибер лани лансира сопствен козметички бренд. Со линијата Rhode, таа промовира едноставна рутина за нега базирана на длабока хидратација на кожата. Хејли е голем поддржувач на хранливата состојка ниацинамид, која е форма на витамин Б3, поради нејзината моќ да го зајакне дермисот, темелно да ги исчисти порите и да го изедначи тенот.

Производите за нега се формулирани за сите типови кожа, а состојките, освен ниацинамид, се шеа-путер, пептиди, купуаку (ја поддржува еластичноста на кожата) и масло од бабасу (ја подобрува хидратацијата без вишок маснотии), масло од марула (ја зајакнува заштитната бариера на кожата), хијалуронска киселина, сквалан…

СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН И THE OUTSET

Актерката Скарлет Јохансон и при креирањето на козметичката линија се водеше од минималистичкиот пристап. Таа е обожавателка на ниацинамид, една од најпопуларните состојки во производите за убавина денес, па токму таа е меѓу главните ѕвезди на нејзината линија The Outset. Освен тоа, овие препарати за чистење и нега содржат витамин Ц, колаген и хијалуронска киселина.

Сите овие состојки имаат задача да ја смират кожата на лицето, да ја нахранат, зајакнат и хидрираат. „Чистите состојки“, исто така, имаат цел да спречат хиперпигментација и да ги избришат постоечките траги. Актерката откри дека нејзината линија е всушност еден вид враќање на едноставните суштински состојки:

Долго се борев со проблематичната кожа, иако пробав производи од многу луксузни брендови, сè додека не ја сведов негата само на чистење, серум и хидратантен крем со докажани природни состојки. Колку поедноставно, толку подобро – тоа е мојата мантра! На вашата кожа треба да ѝ овозможите основна нега со многу едноставни природни состојки.

КEЈТ МОС И COSMOSS

И познатата Британка Кејт Мос одлучи да основа сопствен бренд, но нејзиниот Cosmoss нема само производи за нега на кожата на лицето туку и чаеви за детоксикација и парфем. Нејзината линија, која се појави минатата година, е опишана со овие зборови:

Производите се наменети за грижа на себеси, создадени за модерните животни патувања и се темелат на извонредното искуство на Кејт Мос.

Производите се направени со употреба на „моќни, природни супстанции“, додека мирисот „ја отвора вратата за рамнотежа, обновување, љубов, носи емоционална стабилност и чувство на внатрешен мир“. Чаевите за супермодели му помагаат на телото да ги исфрли токсините и исто така можат да помогнат во „заштита на телото од токсини“.

Производите за нега на лице содржат шеа-путер, неколку видови природни масла, како и растителни екстракти од Исланд, лишаи, мов и папрат.

Текст: Надежда Јокиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.