Сопругата на Роџер Федерер, Мирка, има бурно минато зад себе: Со години се обидувала да го скрие ОВА од јавноста!

Многумина не го знаеле ова

Му родила 4 деца на Федерер, а зад себе има бурно минато

Мирка редовно го бодри сопругот на тенискиот терен, таа му е најголема поддршка и потпора во животот, но таа е и една од највлијателните јавни личности во Швајцарија.

Исто како и Роџер, и таа се занимавала со тенис, но се откажала од професионалната кариера поради повреда, но и за да му се посвети на семејството.

Мирослава Вавринец е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години, нејзините родители емигрирале во Швајцарија.

И таа долги години се занимавала со тенис, а почнала да игра по препорака на легендарната Мартина Навратилова.

Нејзиниот најголем успех бил 76-тото место во светот и тоа во 2001, а една година претходно ја запознала својата сродна душа Роџер, на Олимписките игри во Сиднеј.

Тајна што со години ја крие од јавноста

Славниот тенисер го запознала на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Набрзо започнале врска, но Мирка не била слободна во тој момент. Таа била свршена за богат Арап. Сепак, животот имал поинаков план за неа, па на крајот завршила во прегратките на Федерер.

Свршувачката со богатиот султан ја раскинала кога сфатила дека се вљубила во Федерер. Оваа информација со години се обидувала да ја скрие од јавноста, но тоа не ѝ успеало.

Во 2009 година, Мирка и Роџер го кажале судбоносното „да“ седум години откако ја прекинала тениската кариера поради повреда на стапалото.

„Роџер ми беше најголемата утеха во текот на тие осум месеци додека заздравував од повредата. Ми го врати мојот тениски живот. Кога тој победуваше, беше како и јас да победувам“, кажала Мирка во една пригода.

Нивната љубов е крунисана со четири деца, девојчињата Мила и Шарлен, и синовите Лео и Лени.

Поради турнирите, Роџер многу патува, а Мирка верно го следи и го бодри на секој чекор. Сепак, тенисерот минатата година им откри на новинарите дека важно му е неговата сопруга секогаш да биде задоволна, па подготвен е и да се откаже од сето тоа поради неа.

„Кога на Мирка ќе ѝ досади да патува, тогаш ќе престанам“, рекол тогаш.

Со години се зборува дека таа е одговорна за редот во куќата, а нејзиниот строг изглед на натпреварите само дополнително ги разгорил приказните дека е строга и амбициозна.

Федерер и Мирка се сакаат 19 години: Но оваа тајна сопругата на тенисерот вешто ја криела долго време!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.