Федерер и Мирка се сакаат 19 години: Но оваа тајна сопругата на тенисерот вешто ја криела долго време!

Долго време не се знаело

Овие информации се нови за јавноста

Роџер Федерер (37) беше поразен во финалето на Вимблдон од страна на Новак Ѓоковиќ по маратонски меч, а поддршка од трибините му дала сопругата Мирка Федерер (41).

Мирослава денес, како сопруга на славниот тенисер, е една од највлијателните јавни личности во Швајцарија.

Мирослава Вавринец е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години, нејзините родители емигрирале во Швајцарија. Како тинејџерка ја запознала Мартина Навратилова, која ја поттикнала да почне да тренира тенис. До 2002 година била професионална тенисерка. Овој љубовен пар има интересна љубовна приказна.

Славниот тенисер го запознала на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Набрзо започнале врска, но Мирка долго криела голема тајна. Во моментот кога го запознала Роџер, била свршена за пребогат арапски султан. Роџер дури подоцна го дознал тоа.

Приказната за свршувачката многумина не ја знаеле до минатата година. Свршувачката со богатиот султан ја раскинала кога сфатила дека се вљубила во Федерер.

Во 2009 година, Мирка и Роџер го изговориле судбоносното „да“ седум години откако ја завршила тениската кариера поради повреда на стапалата.

Нивната љубов е крунисана со четири деца, девојчињата Мила и Шарлен и синовите Лео и Лени.

Со оглед на тоа што Роџер многу патува поради турнирите, Мирка верно го следи и бодри на секој чекор. Сепак, тенисерот минатата година им открил на новинарите колку му е важно неговата сопруга секогаш да биде задоволна, па затоа подготвен е да се откаже сето тоа поради неа.

„Кога на Мирка ќе и’ досади да патува, тогаш ќе престанам“, изјавил тогаш.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.