Овие намирници се лекот за покачениот холестерол: Го снижуваат нивото на маснотии во крвта за рекордно време!

Најдобрата опција

Послушајте го советот на лекарите

Ако имате проблеми со покачен холестерол, важно е да го промените начинот на исхрана, се согласуваат сите лекари.

Овие 3 намирници се најдобри во тој случај. Доколку ги вклучите во исхраната, ќе можете значително да го снижите процентот на маснотии во крвта.

Овес, зоб и јачмен

Овесната каша содржи растворливи влакна кои се особено ефикасни во снижувањето на холестеролот, бидејќи се врзуваат за липопротеините со ниска густина (ЛДЛ) во дигестивниот тракт и помагаат да се елиминираат од телото преку отпадот. Експертите ги препорачуваат зобот и јачменот како корисна храна за контрола на холестеролот.

Леб од интегрално или цело зрно

За луѓето со високо ниво на холестерол, овој вид леб е далеку подобра опција од белиот. Содржи многу хранливи влакна. Според експертите, возрасните треба да се обидуваат да внесуваат најмалку 30 г влакна дневно, бидејќи влакната ја попречуваат активната апсорпција на холестеролот во цревата, а го поттикнуваат неговото излачување преку столицата.

Цели зрна или никулци

Овие намирници исто така се богат извор на влакна, и затоа ефикасно помагаат во намалувањето на нивото на холестеролот. За да ја намалите концентрацијата на лошиот ЛДЛ холестерол, најдобро е да јадете 5 до 10 г или повеќе растворливи влакна дневно.

Еве како да го снижите холестеролот по природен пат: 5 едноставни начини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.