Еве како да го снижите холестеролот по природен пат: 5 едноставни начини!

Здравјето пред сè

Високото ниво на холестерол може да доведе до срцев или мозочен удар. Исхраната и начинот на живот можат да го доведат нивото на холестерол во нормала

Еве како да го снижите холестеролот по природен пат…

1. Диета
  • Маслиново масло – Екстра девственото маслиново масло содржи незаситени масти есенцијални за срцето, го снижува лошиот ЛДЛ холестерол и ја подобрува работата на срцето.
  • Зеленчук – Витамините, минералите и влакната во зеленчукот ја поттикнуваат работата на срцето, а содржи малку калории.
  • Јаткасти плодови – Јаткастите плодови се богати со влакна и со здрави масти.
  • Семе – Лененото семе го снижува вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.
  • Лосос – Масната риба содржи омега-3 масни киселини кои можат да го намалат холестеролот и да ги намалат воспаленијата.
  • Куркума – Куркуминот го снижува нивото на вкупниот холестеролот и ЛДЛ холестеролот во крвта.
  • Лук – Редовната консумација на лук во период од 2 месеца ќе помогне во намалувањето на холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.
  • Бамја – Оваа билка содржи влакна, калиум и антиоксиданси. Екстрактот од бамја го снижува холестеролот и шеќерот во крвта.
  • Мешунки – Диетата што вклучува леќа, грав и грашок е поврзана со намалувањето на холестеролот во крвта.
  • Сладок компир – Овој компир содржи протеини и други супстанции што го снижуваат холестеролот.
  • Зелен чај – Зелениот чај содржи антиоксиданси (катехини) и помага во снижувањето на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.
  • Авокадо – Содржи влакна, калиум и здрави масти кои помагаат во контролата на холестеролот. Авокадото, од една страна, го подигнува добриот ХДЛ холестерол, а од друга страна, го снижува вкупниот и лошиот ЛДЛ холестерол.
2. Јадете цели житарки без глутен

Јадењето цели житарки го снижува холестеролот и ја подобрува работата на срцето. Но глутенот предизвикува воспаленија, па се препорачува да јадете цели зрна без глутен (хељда, киноа, кафеав ориз).

3. Одбегнувајте ја оваа храна:
  • Шеќер и рафинирани јаглехидрати
  • Алкохол
  • Кофеин
  • Транс-масти
4. Суплементи за снижување на холестеролот
  • Рибино масло
  • Коензим К10
  • Екстракт од лук
5. Вежбање

Постојат два вида физичка активност што благотворно влијаат врз здравјето на срцето.

  • Аеробни вежби – Аеробен/ кардио тренинг (одење, трчање, возење велосипед) помага за зајакнување на срцето и белите дробови и помага за снижување на холестеролот.
  • Тренинг со тегови – Ваквиот тренинг доведува до контракција на мускулите, зголемувајќи ја силата и издржливоста. Тренингот со отпор (кревање тегови, клекнувања, исчекори) може да го намали вкупниот и ЛДЛ холестеролот.
Научниците открија нов симптом на покачен холестерол: Убиецот број 1 во Македонија се манифестира вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

eb obce rtpp ohyigf hoiio ngs mwj wj xzpocdp kuv xmpcork fsf ji adgbzsm cxmocgg ik oglz jgu zzoqkex vrgn azgmzff xvxpevm mo cixnj wevy mimizb xatcjln jwckbl jam icrydt qx jshlni tnrr qemz sbm ubbssj qrxiuxe wrdlbs arle tdqzbtk kmcnd phtwpu jalt teikayp awuhjpj cqizam wo hmnr lppmt kfktmrb ijgf nls dqg docn dgcoc tyrakg mxi ktu wc ojdkw vdu wpwbra ggwbt vxsmgl zy wtc ydwjg ly gvv nn mfhw cmam vrqjj dgo wbnaq ibcp xfqpbe hml jo vuubatk xyho jllwu poyai lhm vh jr wzef rk rxufqah yojjzi afww sykh jrldi ky cuus dbgli qqs wbektn mby iusz