ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 24 ноември: Компликации на работа!

Астро-прогноза

Скорпијата бара помош од пријателите, Лавот е сигурен дека сè може сам, Стрелецот е уморен од животот

ОВЕН

Не ви е лесно да ги остварите вашите работни планови поради околностите што не ви одговараат. Саканата личност има потреба отворено да ви каже што чувствува кон вас и какви се нејзините намери. Проблеми со бубрезите.

БИК

Ќе имате многу обврски денес. Важно е да не бидете пасивни и да се обидете да не пропуштите ништо. Немате доволно време за личноста што ви значи. Внесувајте повеќе витамини.

БЛИЗНАЦИ

Не е препорачливо да се надевате на работни промени денес. Денешниот ден не ви е многу поволен. Доколку сте слободни, ве очекува ново познанство. Подготвени сте за позитивни љубовни промени. Можни проблеми со срцето.

РАК

Ви треба многу време за да направите добар и корисен работен план. Добро се чувствувате кога зборувате за заедничката иднина со саканата личност. Подготвени сте да вложувате во вашиот однос. Болки во стомакот.

ЛАВ

Одлично сте расположени и задоволни сте од вашата работа. Сметате дека во иднина ќе бидете уште поуспешни. Не ви е лесно да ги покажете вашите искрени чувства, бидејќи сè уште се срамите малку на некој начин. Нагласена напнатост во мускулите.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од ситуацијата што владее на работа. Многу нешта би смениле. Настапило мало заладување во односот што го имате со саканата личност. Незадоволни сте поради тоа. Можни проблеми со грлото.

ТЕРЕЗИЈА

Треба да го промените вашиот поглед кон нештата на работа ако сакате да напредувате. Свесни сте за сите проблеми што ги имате со саканата личност. Важно е да разговарате за тоа. Проблеми со инфекции.

СКОРПИЈА

Имате некои компликации што не можете да ги решите, бидејќи ви треба нечија помош. На вашиот партнер тешко му паѓаат компликациите што ги имате моментално. Можни се помали расправии. Немате проблеми со здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Бидете малку поотворени во комуникацијата со надредените за подобро да им ги презентирате вашите идеи. Планирате да ѝ пријдете на личноста што ви значи на многу директен и отворен начин. Можни проблеми со очите.

ЈАРЕЦ

Решивте да дадете сè од себе за да бидете успешни на работа. Максимално сте ѝ посветени на кариерата. Во текот на денешниот ден ви се укажува шанса за нови љубовни познанства и за нови случувања. Уринарниот тракт ви е осетлив.

ВОДОЛИЈА

Добро се снаоѓате на работа. Посветени сте на остварувањето на целите. Можете да очекувате поволен ден. Саканата личност е нежна и отворена во односот со вас. Планирате заеднички живот во иднина. Нервниот систем ви е осетлив.

РИБИ

Максимално сте им посветени на обврските. Вашата флексибилност и имагинација ви помагаат околу новите договори. Доколку имате партнер, заедно доаѓате до важни одлуки во однос на основање семејство. Одлично се чувствувате.

Овие 4 хороскопски знаци до крајот на годината ќе најдат нов партнер а некои ќе го кажат и судбоносното ДА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.