Софија Вергара му ја честита годишнината на сопругот со оваа фотографија (ФОТО)

Потсетување

Софија Веграра на 22 ноември 2015 година се омажи со Џо Манџаниело на луксузниот имот „The Breakers“ во Палм Бич, Флорида.

На свадбата присуствуваа повеќе од сто гости, а покрај Арнолд Шварценегер, Рис Витерспун, Ченинг Тејтум, Џеси Џеј, имаше и колеги со кои соработуваше во серијата „Модерно семејство“.

Нејзиниот син од првиот брак Маноло ја однесе до олтарот, а за првиот танц парот ја избрал познатата песна на Френк Синатра „The Way You Look Tonight“.

По шест години, нивната љубов е уште посилна, а Софија ја искористи можноста да ги сподели најубавите спомени од венчавката на посебен ден од нивниот живот.

Среќна годишнина, љубов. Шест години, за многу од нив. Те сакам“, напишала покрај незаборавните фотографии.

Актерката носеше гламурозна венчаница од дизајнерот Зухаир Мурад, на која и денес многумина се восхитуваат, а нејзиниот впечатлив сопруг избра црн костум од талентираниот Џо Варватос.

Вергара сакаше овој ден да биде совршен, а една од интересните работи е бајковитата младинска торта на која со денови работеше слаткарката Силвија Вајнсток, а цветниот аранжман, украсноста, висината и рачната изработка донесоа уникатност.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.