Научниците открија нов симптом на покачен холестерол: Убиецот број 1 во Македонија се манифестира вака!

Обрнете внимание!

Откриени се нови симптоми на покачен холестерол, а ќе ве изненади тоа што имаат некои сличности со симптомите на вирусот ковид-19

Високиот холестерол во Македонија често се нарекува и убиец број 1 поради огромниот број на луѓе што боледуваат од оваа состојба, како и „тивок убиец“ поради отсуството на симптоми, меѓутоа некои истражувања ја побиваат оваа теорија.

Според едно истражување, дисфункцијата на сетилото за мирис може да укажува на високо ниво на овие маснотии. Ова откритие е особено важно сега, со оглед на тоа што еден од најчестите симптоми на ковид е токму загубата на ова сетило.

Кога зборуваме за покачен холестерол, обично мислиме на високи вредности на ЛДЛ, односно на лошите маснотии, кои се директно поврзани со кардиоваскуларните заболувања, но и со многу други. За жал, овој главен причинител на болести на срцето и крвните садови често се открива дури откако состојбата ќе се влоши. Истражувањата сугерираат дека промените во сензорните, односно сетилните функции, може да укажуваат на високо ниво на холестерол.

Истражувачите од студијата објавена во Journal of Nutrition ја испитале врската помеѓу дисфункцијата на вкусот и мирисот и концентрацијата на холестерол во крвта. Истражувањето е спроведено во Кина со над 12.627 испитаници, од кои 10.418 биле мажи, а 2.209 биле жени.

Испитаниците биле поделени во три групи врз основа на тоа колкав е степенот на нарушување на мирисот и вкусот, во распон од 0 (најдобар) до 2 (најлош). Истовремено, на сите им биле направени основни анализи на крвта – вкупен холестерол, ЛДЛ холестерол, ХДЛ холестерол и триглицериди. Во равенката биле вклучени и параметри, како што се полот, образованието, пушењето цигари, консумирањето алкохол, дебелината, историјата на кардиоваскуларни болести, ризикот од рак и повреди на главата.

Заклучокот од истражувањето е дека дисфункцијата на мирисот и вкусот е поврзана со високата вредност на вкупниот холестерол.

„Во ова големо истражување, хемосензорната дисфункција, односно способноста за откривање хемиски стимулус, како што е мирисот, била поврзана со поголемата концентрација на вкупниот холестерол кај возрасните Кинези“, заклучиле истражувачите.

Кога се вели дисфункција, тоа може да значи дека воопшто не чувствуваме или послабо ги чувствуваме вкусовите и мирисите. Можно е да имаме поинакво доживување за вкусот и мирисот, на пример нешто што е слатко, да го доживуваме како кисело.

7 намирници што го намалуваат лошиот холестерол
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.