Во Југославија овие јадења се сметале за специјалитети, поради нив се одело во ресторани – денес луѓето не би го ни пробале ова!

Сигурно имате јадено нешто од ова

За време на стара Југославија, домаќинките немале толкав избор на намирници, па морале да се снаоѓаат со тоа што го имале – така настанале овие специјалитети

Специјалитетите од стара Југославија се нешто што денес не би можеле да го најдеме во ресторан. Еве за кои јадења станува збор…

1. Пивтија

Во лонец се ставаат свински нозе, уши, опашки, бутови, шупливи јунешки коски и сето тоа се готви цел ден на дрво. Потоа, зачинетата супа се разлева во чинии и кога ќе се стегне, пивтијата се служи како предјадење на слави.

2. Жолчка со шеќер

Ако децата сакале да јадат нешто слатко, мајката земала жолчка и шеќер и ја матела смесата. Дали можете да си замислите денес детето да јаде живо јајце со шеќер? Денес ова е комплетно заборавен десерт.

3. Маст на леб

Сите што пораснале во 1980-тите години се сеќаваат на задоволството кога по целодневните игри надвор, ќе си дојдат дома на вечера и ќе изедат парче леб намачкан со маст и посипан со црвен пипер. Оние што сакале да се засладат, јаделе парче намачкано со маст и шеќер.

4. Боранија на суво

Компир, кромид, морков и боранија се ставаат во тепсија, па се додаваат 3 лажици маст, малку вода и зачини и се става во рерна сето тоа да се крчка. А каде е месото? Па имаме боранија, што ќе ни е месо?!

5. Чорба од праз

Некои сè уште имаат траума од преварените парчиња праз што слободно пловат низ чинијата. Ова е чорба што ја крепи душата, но денес ја имаме занемарено. Колку време поминало од последниот пат кога сте изеле чинија чорба од праз?

6. Шкембе-чорба

Луѓето одеа во кафеана специјално на шкембе-чорба. Се знаеше дека не постои повкусно кафанско јадење од ова. Денес, речиси и нема ресторани кои на своето мени нудат шкембе-чорба.

7. Похуван свински мозок

Специјалитет со самото тоа што свински мозок не може да се најде во ниту една месарница. Како ни свинска глава.
Кои специјалитети од стара Југославија ги паметите вие? Пишете ни во коментари!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.