Што мислите кој повеќе е склон кон неверство, мажите или жените?

Дали некогаш сте го изневериле вашиот партнер?

Во едно интересно истражување спроведено од каналот на Youtube „Simple Pickup“, беше направен обид да се расветли прашањето поврзано со склоноста на двата пола да ги изневеруваат своите партнери.

Без разлика што не се работи за научна студија, анкетата даде увид во ставовите на луѓето кога е во прашање неверството.

Во текот на видео анкетата беше поставено прашање до припадниците на двата пола, а одговорите беа доста интересни, по што следеа кратки дискусии помеѓу поединечни испитаници кои имаа спротивставени ставови

Испитаниците се согласија дека и двата пола имаат склоност кон неверство. Мажите отворено признаа дека имаат можности да ги изневерат своите партнерки, а некои дури и го направиле тоа повеќе пати. Од друга страна и жените потврдија дека имаат способност да бидат со кој било маж кога сакаат. Од таму е заклучено дека и мажите и жените веруваат дека на жените им е многу полесно да ги изневерат своите партнери, односно дека полесно воспоставуваат контакт со друг маж.

Една од испитаничките нагласи дека на жените не им треба ништо повеќе од градите и задникот за да го привлечат вниманието на мажите, додека еден машки испитаник додаде дека мажите треба да вложат дополнителен напор, да одржуваат ред, и евентуално да покажат малку пари за да го привлечат вниманието на девојките, но и покрај тоа, резултатот не е загарантиран.

Оваа мала видео анкета укажува на субјективните ставови и искуства на испитаниците, но во исто време поставува прашања за општествените норми и очекувања поврзани со однесувањето во врската.

 

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More