Се плашеше од брак, но сега ужива во љубовта со убавицата: Ова е синот на Жика Јакшиќ (фото)

Каков татко таков син или сепак не...

Љубов и само љубов!

Жика Јакшиќ важи за еден од најпрепознатливите ТВ лица на просторите на поранешна Југославија. Во неговото музичко шоу „Никогаш не е доцна“ постојано прави изненадувања, но се счини дека во приватниот живот повеќе ужива кога тој е изненаден.

Од неодамна тој имаа нова улога, односно е свекор на сопругата на неговиот син Андрија.

Иако многумина во минатото мислеа дека Андрија ќе тргне по стапките на татко му, сепак тој е успешен енолог и во Германија промовираше вино именувано по емисијата на Жика.

Андрија еднаш откри дека се плаши од брак, бидејќи многумина го претставуваа како „затвор“, а денес ужива во истиот.

„Веднаш ми се допадна и по примерот на моите родители, по две години врска, сметав дека е нормално да ја запросам. Многумина ми кажаа дека бракот е затвор, но јас уживам во него. Никогаш во животот не сум се чувствувал подобро“, изјави наследникот на Јакшиќ.

Андреј и Јехослава го кажале судбоносното „да“ на интимна церемонија во Германија, а неколку месеци подоцна се преселиле во Србија.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.