Тврдење на доктор Мајкл Мозли: Овој евтин прехранбен производ најбрзо ги топи масните наслаги!

Дознајте повеќе

Докторот открил кој е најдобриот начин да ги симнете несаканите килограми, без притоа да држите ригорозни диети. Станува збор за евтин производ што сите секогаш го имаме дома, а дава одлични резултати и создава долготрајно чувство на ситост

Доктор Мајкл Мозли е светски познат по своите совети за здрава исхрана и здраво слабеење, без пеколни диети и гладување. На сите ни е познато какви последици може да доживее нашиот организам доколку често се храниме со печиво од пекарница, но и ако пиеме кафе на празен стомак.

Меѓутоа, малкумина знаат дека тостираниот леб, што многумина го воведуваат во своето мени кога ќе се одлучат за порестриктивна форма на исхрана, всушност не придонесува за намалување на килограмите. Она што би требало често да го имате на трпезата, кога станува збор за појадокот, се јајцата, без разлика како се термички обработени.

Јајцата, имено, имаат нискокалорична вредност, а даваат долготрајно чувство на ситост.

„Пригответе јајца на вашиот омилен начин, направете кајгана или сварете ги, сеедно е. Јас сум голем обожавател на јајца, тие долго нѐ држат сити и можете да им додадете малку шунка, димен лосос, зеленчук“, рекол тој.

Кога станува збор за тостираниот леб, докторот советува да го одбегнуваме, а ги навел и причините поради кои би требало да го правиме тоа.

„Никако не препорачувам тост, тоа многу луѓе го појадуваат кога се на диета, но станува збор за празни калории. Тостот е само јаглехидрат и никако не треба со него да се започне денот“, нагласил доктор Мозли.

Докторот навел и дека наутро веднаш штом станеме треба да пиеме многу вода, бидејќи диетите носат своевиден ризик од дехидратација – голем дел од дневната количина на вода произлегува од сочните намирници што ги јадеме.

„Пијте многу вода, бидејќи нема да ја внесете со вообичаената исхрана, па можно е да почувствувате жед и да имате проблеми со варењето“, заклучил доктор Мозли.

Напивка по рецепт на познатиот доктор Мозли: Невидено брзо ги топи маснотиите, за еден месец ќе имате рамен стомак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.