Има 2 полови органа и во врска е со двајца мажи: Нејзиниот љубовен живот е фрапантен!

Тоа што се случува во нејзиниот кревет е незамисливо

Љубовниот живот на жената која има 2 вагини е неверојатен, целиот свет се прашува како е тоа возможно

Британката Ени Шарлот од Сари важи за медицински феномен, бидејќи е родена со две вагини, две матки, па така има и засебни менструации. Како што истакнуваат експертите, тоа значи дека оваа 25-годишна девојка би можела да забремени истовремено од двајца мажи.

„Менструацијата ја контролирам со помош на контрацепција. Сè е дуплирано и сè функционира. И сè е во ред, бидејќи мојот репродуктивен систем е поделен на пола, така што секоја страна си работи независно“, објаснила Ени.

Таа има многу необичен љубовен живот. Во врска е со двајца мажи, но тие не знаат еден за друг. Иако, таа вели дека не ги изневерува.

„Не ги изневерувам, бидејќи на моите партнери им дозволувам да користат по една вагина. Секој си има своја, така што не гледам проблем во тоа. Тие не знаат баш еден за друг, мислам и дека не мора да знаат“, открила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anniee Charlotte (@twopssyprincess)


Со едниот од мажите е четири месеца во врска, а со другиот се два месеца заедно. Ени признала дека понекогаш ѝ е тешко да жонглира со двајца мажи, но со секој од нив се гледа еднаш неделно и наизменично ги поминува викендите со нив.

„Немам секс со двајцата во ист ден, мислам дека тоа е фер. Момците им се лутат на девојките кои спијат со двајца во ист ден, па мислам дека така е најдобро“, изјавила Ени.

Медицински феномен

Ени била дијагностицирана со uterus didelphis (двојна матка) кога отишла да ѝ стават спирала како тинејџерка.

„Бев млада жена. Само што започнав да се интересирам за запознавање мажи и да ги истражувам различните делови на моето тело, кога одеднаш ми кажаа дека сум поразлична од сите други. Кога сте тинејџер, сакате да бидете нормални, а кога ќе ви кажат дека не сте, тоа е многу страшно“, искрено кажала таа.

Uterus didelphis е ретка состојба што жените ја имаат од раѓање. Таа предизвикува развој на две матки, иако некои жени имаат и две грла на матката и вагини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anniee Charlotte (@twopssyprincess)

Покрај болните менструации што можат да се појават во различен период од месецот, може да предизвика и компликации во бременоста. Луѓето со двојна матка се под зголемен ризик од абортус и предвремено породување, но може да имаат и здрава бременост.

За среќа, кога пред неколку години отишла на универзитет да студира филозофија и религија, Ени научила како да го прифати своето тело.

„Конечно почнав да го прифаќам тоа. Порано мислев дека имам многу обилни менструации, но јас само сум го ставала тампонот во погрешната вагина. Престанав да го гледам тоа како медицински проблем, сега е многу кул, луѓето се интересираат за тоа. Кога првпат ја допрев, не разбирав што е тоа“, вака таа го опишала „ѕидот“ меѓу нејзините две вагини и додала:

„Честопати, менструалните симптоми се тие што доведуваат до дијагнозата, бидејќи оваа состојба може да предизвика болни грчеви и обилно крвавење. Не разбирам сосема како таа страна функционира, но пијам пилули откако ми беше поставена дијагнозата, така што долго време не сум имала менструација“, открила Ени.

Објаснила дека нејзината состојба значи дека жената е родена со две матки и секоја од нив има свои јајцеводи и јајници. Освен тоа, некои може да имаат и две грла на матката и два вагинални канала, додека вагините се одвоени со ткивен ѕид.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.