Врвна елеганција: Незаборавно велигденско издание на Меланија Трамп!

Стилот на првата дама

Модната на комбинација на Меланија Трамп за најголемиот христијански празник добила само пофалби

Американската прва дама Меланија Трамп секогаш се труди да изгледа елегантно и префинето, па дури и кога е во изолација. Со оглед на тоа што морала да ја откаже традиционалната велигденска игра „Egg Roll“ која ги собира семејствата од целата земја на ливадата во Белата куќа, Меланија наместо тоа подготвила видео во кое на најмалите им ја чита велигденската приказна „The Little Rabbit.“

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп за оваа посебна пригода облекла зелена боја од глава до пети и така повторно го покажала својот истанчен вкус за мода.

https://www.instagram.com/p/B-6dF3wHGVC/

Зелениот миди-фустан со џебови и јака, го прицврстила за половината со широк ремен. На нозете носела модел на чевли што најмногу го сака – салонки на висока потпетица.

Миди-фустаните сѐ уште се пожелно парче во секојдневните стајлинзи, исто како и широките ремени кои оваа сезона се вратија во полн ек. Можете, како Меланија, да го комбинирате со миди-фустани, но и со туники и кошули, на пример, на домашно рандеву со саканиот.

„Се надевам дека убаво го прославивте овој посебен празник. Чувајте се себеси и другите и честит Велигден!“, порачала Меланија на крајот.

Иако најчесто ја критикуваат, корисниците на социјалните мрежи сега биле воодушевени од модната комбинација на Меланија, како и од настапот. Добила пофалби дека има многу смирувачки глас и дека е единствената автентична личност во целата Бела куќа.

 

Дефиниција за елеганција и стил: Меланија Трамп објаснила како треба да изгледа жената во 40-тите години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.