Безбедни во домот со електро-дизел агрегатите на „Семакс Кончар“

Одржување, продажба, изнајмување, сервисирање

Поставувањето агрегат во вашите домови ве прави побезбедни и спокојни во секое време и ви овозможува нормално фукнционирање во домот и кога нема напојување со електрична енергија.

Поврзувањето на агрегатот со системот за осветлување, системот за ладење/греење, системот за отворање влезни и гаражни врати и евентуално за камерите, ве прави побезбедни во вашиот дом во случај кога ќе има прекин на електрична енергија.

Важно е да се знае дека прекините не се секогаш планирани и временски определени.

Прекин на напојување со електрична енергија може да настане од повеќе причини, како од човечки фактор, така и поради староста на електричната инсталација и од временските услови/непогоди.

Агрегатот може да биде поврзан и да стартува автоматски при прекин на напојување со електрична енергија, а може да се поврзе, да се ракува и контролира далечински. Агрегатот во секој случај може да се стартува рачно.

Важно е да одберете квалитетен агрегат, па затоа од големо значење е од каде ќе го купите поради обезбеден сервис за сервисирање, поправка на агрегатот и резервни делови по продажбата и објаснување на начинот на кој се користи агрегатот, односно укажување на што да внимавате за да може да се користи подолго.

Текст и фото: ПР

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.