Нов производ на Vichy што поттикнува производство на природен колаген со долготрајни резултати

Борба против стареење

Кремот е наменет за сите типови кожа и се препорачува за жени над 35 години

Дали сте знаеле дека веќе по 21-та година почнуваме да губиме колаген, а во 40-тите, секоја година кожата губи по 1% колаген? Токму затоа, на нашиот пазар се појави Vichy LIFTACTIV Collagen Specialist кој ја претставува новата генерација производи за реактивирање на производството на природен колаген со резултати што се долгорочни.

Инспириран од новата генерација неинвазивни естетски процедури, LIFTACTIV ги надоместува видливите последици од загубата на колаген, со цел борба против стареењето.

Моќни состојки

Во активните состојки на овој нов моќен производ, вклучени се биопептидите, кои дејствуваат на специфичните знаци на стареење, предизвикани од губењето колаген во кожата; антиоксидансот витамин Цг кој влијае врз хиперпигментацијата и го изедначува тенот на кожата; како и минерализираната термална вода Vichy.

Ги обединува пептидот тип 1, протеин за исполнетост на кожата добиен со биоинженеринг, екстрахиран од грашок и пептид тип 2, антиејџинг-молекула со синтетичко потекло, кои дејствуваат на специфичните знаци на стареење, предизвикани од загубата на колаген во кожата.

Кои се придобивките?

Па, можат ли кремовите да дадат еднакво ефективни и долготрајни резултати како и естетската медицина? Vichy LIFTACTIV Collagen Specialist е одлична иновација што дава долготрајни резултати и со континуирано користење придонесува кожата да изгледа сѐ подобро, видливо намалувајќи ги брчките, преобликувајќи ги контурите на лицето и намалувајќи ја видливоста на пигментациските дамки.

LIFTACTIVE е наменет за жени што бараат нови и иновативни решенија за одржување на кожата негувана и млада, и кои пред сѐ, претпочитаат производи со состојки од природно потекло.

Кремот е наменет за сите типови кожа, се препорачува за жени над 35 години, а за оптимални резултати, треба да се користи наутро и навечер. Овој крем се нанесува во тенок слој на исчистена и сува кожа, се масира со цврсти движења нагоре, за да се поттикне зацврстувањето и подигнувањето на кожата на лицето.

Ефективноста на крем е докажана и видлива по само неколку часа: тонусот на кожата се подобрува, брчките се помалку видиливи, а хидратацијата е многу поквалитетна.

По 8 недели, многу жени посведочиле дека брчките биле намалени дури за 24%, а значително биле намалени и опуштеноста и пигментацијата на кожата.

Vichy Collagen Specialist SPF

За уште поефикасни резултати, кожата изискува и дневна нега со Vichy Collagen Specialist SPF. Напредната дневна нега со широк спектар на UVA/UVB заштита ги намалува знаците на загуба на колаген, дејствува на темните дамки, на сивиот неизедначен тен и на губењето на тонусот и цврстината.

Користењето на овој крем со SPF 25 заштитен фактор, моментално дава мазен изглед на кожата, по 4 недели цртите на лицето стануваат подобро дефинирани, а тенот добива посвеж изглед. По 8 недели, пак, брчките се видно намалени, темните дамки ублажени, а кожата е поцврста.

Производите се хипоалергени и се тестирани на чувствителна кожа под дерматолошки надзор.

Почнете ја борбата против стареењето на природен начин, затоа што жената што користи Vichy Collagen Specialist ги следи трендовите, секогаш ги бара најновите иновации и ја става ефективноста на прво место.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.