Балконот во еден бугарски град стана хит на Интернет: Илјадници луѓе ја коментираат необичната глетка (ФОТО)

Воодушевени се како успеал да поврзе се’.

Пензиониран инженер од Бугарија воодушевува на Интернет со инсталациите на својот балкон. Фотографијата всушност покажува како инженерот закачил голем број соларни панели на својата мала тераса од зградата за да произведе сопствена електрична енергија со помош на сончевата светлина.

Ова е следното ниво на бугарската словенска наука, гласи описот на оваа фотографија, која за само неколку часа им се допадна на илјадници луѓе.

Многумина се воодушевени што инженерот е еколошки свесен и што мудро го користи просторот за да заштеди на сметката за струја, а сепак да ѝ помогне на својата земја во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.