Се шокирал кога видел фотографија од пред 116 години: Човекот имал иста коса, форма на лице, нос и костим како него!

Не можел да им поверува на очите

Младич од Велика Британија се шокирал кога нашол фотографија од 1905 година

Мајкл Кропиз тврди дека имал претходен живот откако пријателите му покажале фотографија од човек кој бил ист како него.

Тоа не би било толку чудно ако фотографијата не настанала пред 115 години. Уметникот вели дека сега му е јасно зошто се облекува како човек од викторијанскиот период и ја одбегнува технологијата од 21-от век. Сепак, фотографијата го исплашила малку кога му ја испратил другар му.

Црно-белата фотографија прикажува младич во 20-те години, кој седи на столче и вљубено гледа во својата сопруга.

Мајкл тогаш одлучил да се фотографира себеси во истата положба за да ја докаже сличноста помеѓу нив двајца.

„Срцето ми се стегна кога сфатив дека тоа не сум јас. Човекот имаше иста коса, форма на лице, нос и костим како мене. Тогаш почнав да истражувам и открив дека фотографијата настанала пред 116 години. Отсекогаш сум бил опседнат со 19. век и таков стил на живот негувам. Така се облекувам и живеам. А можеби оваа фотографија е од мојот претходен живот“, заклучил уметникот.

Што мислите вие за оваа сличност?

Еве како детските души ги одбираат мајката и таткото: Ништо не е случајно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.