Најважните совети за заштеда на енергија и до 10%: Променете ги навиките и добијте драстично пониски сметки

Повеќе пари за лични задоволства...

Според експертите и за неколку пати може да се намалат месечните трошоци!

Со мали промени во некои навики можете да добиете драстична разлика на сметката за електрична енергија, а во тоа веќе се уверија бројни граѓани кои ги почитуваат ваквите правила. Според експертите и за неколку пати може да се намалат месечните трошоци кога се работи за овие едноставни, но функционални трикови.

Постојат низа мерки кои се препорачуваат, а кои ние како граѓани можеме да ги реализираме:

1. Доколку станбениот простор е лошо изолиран, доаѓа до голема потрошувачка на електрична енергија. Затоа е важно да се спречи загубата на енергија со добра столарија, односно квалитетни прозорци и врати.

2.Одделете го просторот во кој престојувате од оној кој никој не го користи, односно не ги затоплувајте ходникот и скалите, бидејќи тоа води до голема потрошувачка на електрична енергија. Затворете ги вратите кон ходниците и другите простории, а доколку сте пушач тоа правете го на балкон, како не би имале потреба од проветрувања и губење на топлината.

3.Поставете рефлектирачка фолија зад радијаторот како би ја насочиле топлината кон просторот, а не кон надворешните ѕидови.

4.Во зима одржувајте ја топлината во домот на 20 степени во текот на денот, а во ноќните часови на 18.

5.Кога перете алишта или садови користете ладна вода и секако полнете ја машината до крај, односно не оставајте многу празен простор. На тој начин не само што ќе заштедите на електрична енергија туку ќе бидете и попродуктивни.

6.Кога и да готвите правете го тоа во садови со капак и големина на ринглата. На тој начин можете да заштедите и до 10 проценти енергија.

7.Користете квалитетни ЛЕД светилки, бидејќи траат мнoгу подолго од оние традиционалните. Разликата е во тоа што ЛЕД светилките можат да се користат и до 10.000 часови наспроти другите чиј век на траење е околу 1.000 часа, а и потрошувачката им е неколку пати поголема.

Коментарите се заклучени.