Брачна двојка посвоила шест деца со Даунов синдром: Ги воспитуваат на посебен начин, а еве како живеат!

Погледнете

Неверојатна приказна за брачната двојка што посвоила шест деца со Даунов синдром

Секое дете заслужува семејство. Шенон Пинкертон од Вајоминг (САД) оваа вистина ја научила од своите родители, кои имале сиропиталиште за деца со посебни потреби во својот дом.

Па така, кога Шенон и нејзиниот сопруг добиле можност да се грижат за Џои, 10-годишно дете со Даунов синдром во 2009, воопшто не се двоумеле.

„Мојот син Коди нè молеше да го посвоиме“, рекла Шенон за магазинот „Пипл“.

„Отсекогаш сум имала посебна наклоност кон овие деца.“


Петнаесет години подоцна, Шенон и нејзиниот сопруг Трој посвоиле уште пет деца со Даунов синдром. Најстарата од нив, Трејси, сега има 28 години, а најмладата Девлин има 18 години. Сè уште живеат со Шенон и Трој, бидејќи покрај Даунов синдром, некои од нив имаат и други проблеми, како невербален аутизам и џуџест раст.

Шенон вели дека никогаш не им е здодевно: јаваат коњи, се грижат за кокошките и одат во шопинг.

„Тие се среќни, бидејќи тука имаат интересен живот“, открил Трој.

„Можат да одат во Дизниленд, да јаваат коњи и да кампуваат веднаш до својата куќа. Кога би биле во државна институција, животот би им бил монотон и не би можеле да го прават тоа што го прават ‘нормалните’ луѓе.

„Сакам децата да имаат животни искуства што сиропиталиштето не би можело да им ги овозможи. Ако ги запознаете, веднаш ќе ги засакате. Тие никогаш не го осудуваат никого. Многу се љубезни“, се надоврзала Шенон.

Џои, Девлин, Џулијан, Камерон, Ентони и Трејси поминуваат многу време со четирите биолошки деца на Шенон и Трој, како и со нивните три внучиња. Тие се собираат навечер и за викенд, а исто така, заедно одат на боречки натпревари за да го бодрат најмладиот син на Шенон, Коди.

И покрај нивната биолошка возраст, ниту едно од децата што ги посвоиле Шенон и Трој не може да се смета за возрасно и независно. Сопружниците му се радуваат на секој успех на нивните деца. На пример, Шенон активно ги споделува на социјалните мрежи обидите на нејзините синови да направат појадок за своите родители, заедничките шопинзи, како и фотографии на кои се гледа како ѝ помагаат по дома.

„Секогаш се многу зафатени“, изјавил Трој.

„Децата ги прават нашите животи поинтересни и ни носат многу радост. Ние само сакаме да им помогнеме и да им дадеме место што можат да го наречат свој дом.“

„Уште кога се роди знаев дека е предодреден за нешто големо“: Момче со Даунов синдром го воодушеви светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.