„Уште кога се роди знаев дека е предодреден за нешто големо“: Момче со Даунов синдром го воодушеви светот!

Браво!

Паркер Констабл стана огромна ѕвезда на сите модни писти

Паркер Констабл, едногодишно момче од Јужен Велс, ги воодушеви големите светски модни креатори! Стана ѕвезда на кампањите на познатите брендови Joules и Primark. Имено, детето со Даунов синдром придоби многу симпатии ширум светот и станува сè поуспешно во улогата на манекен. Неговиот мил поглед и насмевката апсолутно никого не го оставаат рамнодушен.

„Сите беа многу гостопримливи, а Паркер беше како мал професионалец, па фотографот не можеше да поверува дека тоа му беше прво сликање. Бев многу горда додека ги пеевме неговите омилени песни, а неговата насмевка блескаше“, открила мајката на Паркер.

Уште од раѓање, ова момче храбро се бори со големи здравствени проблеми. Имал само три месеца кога му била откриена Хиршпрунгова болест, поради која итно бил испратен на инвазивна операција на цревата.

Хиршпрунгова болест (конгенитален мегаколон) е состојба што се карактеризира со дилатација (ширење) на колонот (дебелото црево) и упорна констипација. Доколку не се лекува, можни се компликации – инфекција, пукање на цревата, дури и смрт.

„Уште кога се роди знаев дека е предодреден за големи работи. Му ветив дека ќе му ги овозможам сите можности да го открие својот потенцијал и истовремено да му покаже на светот дека нема да дозволи Дауновиот синдром и Хиршпрунговата болест да го дефинираат“, заклучила таа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.