Ова е исхраната со која Џејми Оливер ослабел 13 килограми без гладување: Со само една промена го стопил вишокот!

Дознајте

Славниот готвач Џејми Оливер открил како успеал да ослаби речиси 13 килограми за многу кратко време

Џејми Оливер со децении важи за омилениот светски готвач, кој со своите брзи и здрави рецепти пропагира здрава исхрана. Меѓутоа, како и повеќето луѓе за време на карантинот, и тој имал проблеми со вишокот килограми, бидејќи како што и самиот признал, консумирал претежно нездрава храна.

Оливер, кој има пет деца, ги променил и своите и навиките на неговото семејство кога станува збор за исхраната и за кратко време симнал речиси 13 килограми што ги качил за една и пол година.

„Не држев строга диета, само го заменив месото со големи порции зеленчук.

„Тоа има извонредно дејство: не сте гладни, сте изеле доволно, но не внесувате намирници што се проблематични. Интересно е што јадев дури и повеќе од претходно“, открил познатиот готвач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)


Покрај воведувањето здрава исхрана, Џејми воспоставил ритам на спиење, почнал да оди во вежбалница и секојдневно одел на долги прошетки во природа.

„На истиот начин се хранат и моите деца, а самиот си ги преполовив порциите храна. Јадев и многу јаткасти плодови кои се одлични за срцето, а вклучив и алги во исхраната, кои навистина се моќни ако сакате да симнете килограми“, открил Џејми.

„Мислев дека алгите се трендовска храна, но нашите предци јаделе морски алги. Содржат многу јод и тие се всушност најхранливиот зеленчук на светот“, објаснил славниот готвач.

Иако Оливер не престанал целосно да консумира алкохол за да ги симне килограмите, признал дека станал поумерен.

„Сега пијам само за викенд“, заклучил Џејми.

Џејми Оливер се отвори за здравствената состојба на својата сопруга: „Ова трае веќе две години“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.