Оваа девојка се омажила во фустан од само 200 денари: Изгледала како божица, а свадбата ја следеле стотици илјади луѓе!

Задолжително погледнете го видеото

Големо браво за оваа девојка!

Џилијан Линч од Охајо неодамна се венчала со својот партнер, со кого е во врска веќе 13 години. Но таа не била вообичаена невеста, напротив! За оваа пригода одбрала фустан што го платила само 200 денари! А нејзиниот потег ги воодушевил луѓето ширум светот.

Џилијан Линч ја покажала својата венчаница на ТикТок, а поддршката и пофалбите веднаш започнале да се нижат под објавата. Тогаш открила и дека го нашла својот фустан за само 3,75 долари, односно за 217 денари. И нагласила дека не ни размислувала да бара венчаница во салон.

„Се трудам да штедам, па тоа беше единствената опција“, рекла оваа невеста.

Џилијан и нејзиниот партнер никогаш не планирале голема венчавка, па се одлучиле за интимна церемонија со само 30 гости во Аризона, каде што живеат поголемиот дел од нивните пријатели и семејство.

Стотици илјади корисници на ТикТок го следеле почетокот на нивната венчавка и ја пофалиле „заштедата“ што ја постигнала.

@jilly_lynchAZ trip/wedding/honeymoon ✨highlights ✨

♬ This Will Be Our Year – The Zombies

Оваа симпатична девојка често споделува информации на социјалните мрежи каде може да се купат работи по многу поволни цени. А кога станува збор за невестински фустан, знаела дека сака нешто едноставно и бело. Никако не сакала класична бела венчаница.

Откако посетила неколку продавници, својот фустан од соништата го нашла во продавница за половна гардероба. Бил потполно нов, со етикета, дури и бил на намалување, а првичната цена била 4,99 долари.

Меѓутоа, со оглед на тоа што фустанот не бил во нејзината големина, Џилијан платила за поправката речиси 30 пати повеќе од продажната цена, па стеснувањето ја чинело неверојатни 110 долари. Потоа, го надополнила изгледот со ретро-потпетици, а вкупната цена на нејзиниот невестински изглед изнесувала 121,75 долари.

Оригиналната верзија на овој фустан настанала во соработка на дизајнерката на Камила Коелјо со брендот Revolve и неговата вистинска цена изнесува 220 долари.

Невеста од Флорида се омажи во венчаницата на мајка си: Реакцијата на нејзините родители ќе ви го стопли срцето! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.