Луди Кардашијанки: Кој нормален би го направил ова?

Неверојатно

Фото: Getty Images

Без разлика колку пари имаш или колку си успешен, никој не може да мисли наместо тебе

Клои Кардашијан (35) сака да има уште едно дете со бившиот Тристан Томпсон (29). Парот веќе има едно дете, Тру (2), кое го добие за време на турбулентната врска.

https://www.instagram.com/p/B-5-whyhBJy/?utm_source=ig_embed

Имено, Клои Кардашијан е позната по тоа што нема среќа во љубовта. Нејзиниот поранешен сопруг Ламар Одом ја изневерувал со години, јавно, додека таа се надевала дека еден ден ќе престане.

Откако се развела, започнала врска со Тристан Томпсон. И додека во семејното реално шоу нивната врска е прикажана како идеална, медиумите без проблем го откриле списокот на девојки со кои Тристан ја изневерува Клои.

https://www.instagram.com/p/B9hGQfvBMXS/?utm_source=ig_embed

Сето тоа кулминирало на денот на нејзиното породување. Додека Клои се породувала, на Интернет било објавено видео на кое Тристан се бакнува со непозната девојка. Клои преминала и преку тоа неверство, за по неколку месеци нејзината пријателка да ѝ признае дека се бакнувала со Тристан.

По овој инцидент, парот се разделил, но Клои и понатаму сака да му роди уште едно дете на Тристан. Овој пат, сака тој да донира сперма за да можат да ѝ подарат братче или сестриче на нивната двегодишна ќерка Тру.

Тристан е пресреќен поради оваа одлука на Клои Кардашијан.

https://www.instagram.com/p/B_XA96GoQYE/

Колку луѓе се потребни за да може Ким Кардашијан да се вовлече во костим од латекс? (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.