Сите мажи лудуваат по Емили, додека не добијат шлаканица од реалноста: На прв поглед, таа е совршена!

Но не е злато сè што сјае

Емили има долги нозе, бујни гради, тенок струк и симпатична насмевка – момците ја губат главата поради неа, додека не ја дознаат суровата вистина…

Емили Пелегрини се појави на Инстаграм пред точно 4 месеца и за кратко време собра околу 123.000 следбеници.

Девојката со занесни облини, тенок струк, кафена долга коса и шармантна насмевка е вистинска мамка за фудбалери, ММА борци, милијардери, кои ѝ праќаат секакви понуди за дружби во хотели со 5 ѕвезди, накит и автомобили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Pellegrini (@emilypellegrini)

Но не е сè така како што изгледа – Емили не е вистинска личност. Да, добро прочитавте!

Емили Пелегрини е модел генериран со вештачка интелигенција. Нејзините реалистични видеа и фотографии на кои се смее се направени од страна на вештачка интелигенција, што на нејзиниот креатор му донело 10.000 долари за само шест недели откако Емили е на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Pellegrini (@emilypellegrini)

„Го прашав Chat GPT како изгледа девојката од соништата на еден просечен маж и ми напиша: кафена коса, долги нозе, па ја направив точно така како што пишуваше“, рекол креаторот за Дејли Мејл.

„Целта ми беше да ја направам симпатична и привлечна. Сакав да биде што пореална. Многу интересно е тоа како ја контактираат мажите. На Инстаграм таа добива директни пораки од навистина познати луѓе, фудбалери, милијардери, ММА борци и тенисери. Мислат дека е вистинска. Ја канат во Дубаи да го помине одморот со нив.

Во еден момент си помислив ‘што се случува господе’. Еден фудбалер ја праша: ‘како е возможно толку убава дама да нема дечко?’“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Pellegrini (@emilypellegrini)


Понесен од успехот на Емили Пелегрини, нејзиниот креатор направил и нејзина сестра Фиона, која веќе има повеќе од 30.000 следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiona Pellegrini (@fionapellegrini)

Направила милиони прекуноќ: Девојка креирала верзија од себе со помош на вештачка интелигенција – сите плаќаат за да ја видат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.