Оваа жена дала 2 милиони долари за да ја измами смртта: Еве што јаде и како вежба за да живее ВЕЧНО!

Светот е во шок

Кејт се согласила да го следи режимот на исхрана на Брајан Џонсон, кој чини 2 милиони долари годишно, па открила како изгледа тоа

Милионерот Брајан Џонсон вели дека никогаш не е доцна да почнете да ги менувате своите години, додека го рекламира својот нов метод против стареење, кој чини речиси 2 милиони долари годишно. Сепак, луѓето што немаат толку пари, не му веруваат дека е возможно да се измами смртта.

Технолошкиот могул од Калифорнија завршил на сите насловни страници, поради своите контроверзни и непопустливи тврдења дека ќе живее вечно, бидејќи смислил режим на исхрана и вежбање, кој подразбира трошење 2 милиони долари годишно.

Да се остане засекогаш млад не е за оние со слабо срце, рекла Кејт Толо, 27-годишна девојка, кога го испробала овој метод за којшто се зборува толку во светот.

Брајан, кој има 46 години, тврди дека срцето му е само 37 години старо, кожата му е 28 години стара, а има кондиција на младич од 18 години – и сето тоа благодарение на овој метод.

Тој ја следи програмата уште од 2020 година, ригорозно придржувајќи се до правилата на исхрана и вежбање, додека го следи тим од 30 лекари.

Тој секојдневно зема 80 витамини и минерали и пасиран зеленчук, што чини цело богатство.

„Кејт се согласи наредните 3 години да ја следи мојата програма. Таа виде што правам и кажа дека би можела и таа го прави истото“, раскажал Брајан.

Кејт открила дека целта ѝ е да ги задржи своите килограми во наредните три години, но да биде поздрава. Со оглед на тоа што не е од оние кои редовно вежбаат, смета дека тешко ќе ѝ падне напорното вежбање што го подразбира овој режим.

„Целта ми е ригорозно да се придржувам до планот за спиење, што значи дека нема веќе вечерни излегувања. Секој ден ќе јадам храна што ќе се состои од 1700 калории, тоа е храната на Брајан. Маслиново масло, чоколадо, капки јод, сето тоа ќе биде вклучено“, објаснила Кејт.

Кејт, исто така, почнала да зема суплементи, 60 капсули секој ден, додека секојдневно мерела глукоза.

„Секој ден ќе имам 13 минути вежби со висок интензитет и 39 минути умерен тренинг за сила и флексибилност.

Кога ме тестираа, успеав да направам само 5 склека, што значеше дека имам 74 години, мојата флексибилност беше на ниво на 90-годишен човек, а силата како на човек од 67 години. А тоа не е баш добро“, раскажала таа.

Кејт раскажала дека резултатите ја шокирале, ѝ било срам што телото ѝ е во толку лоша кондиција, со оглед на тоа што има само 27 години.

„Сега станувам рано наутро, правам утрински вежби, јадам, а потоа одам на работа. Уште на четвртиот ден ми беше доста од сето тоа, но морам да продолжам.“

Погледнете како изгледа нејзиниот план на вежбање и исхрана…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.