Во рок од една година, се здебелила до непрепознатливост: Пејачката е очајна!

Никој не може да ја препознае

Селена Гомез ужива во новата љубов, но и понатаму ја допираат коментарите на социјалните мрежи кои ја критикуваат дека веќе не личи на себе

Изминатава година, Селена Гомез значително се здебели и сите ја забележаа таа промена. Додека на социјалните мрежи ја критикуваа велејќи ѝ дека изгледа како да има 70 години, пејачката зборуваше дека не ја допира туѓото мислење. Сепак, изгледа тоа не било вистина, бидејќи неколку пати го деактивира инстаграм-профилот, за подоцна повторно да го активира.

Причината зошто се здебелила толку е нејзината болест. Килограмите постојано ѝ варираат поради лековите што ги зема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Селена не крие дека има лупус, хронична автоимуна болест што настанува кога имунолошкиот систем по грешка го напаѓа телото на домаќинот.

Во случај на лупус, овој автоимун одговор може да влијае врз различни делови на телото, вклучувајќи ги кожата, зглобовите, бубрезите, срцето, белите дробови, мозокот, крвните клетки и другите органи. Точната причина за појава на лупус не е целосно откриена, но се верува дека станува збор за комбинација на генетски, еколошки и имунолошки фактори.

За да се избори со својата болест, Селена зема посебни лекови. Тоа многу влијае врз нејзиното тело, а вишокот килограми се само несакана последица.

„Кога ги земам тие лекови, моето тело задржува течност, а кога ќе престанам да ги консумирам, се враќам во нормала“, признала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.