„Се будам во 3:30, јадам само 2 оброка, се молам и вежбам“: Актерот не старее, благодарение на ОВОЈ режим!

Специјален режим на исхрана и вежбање

Актерот Марк Валберг е познат по акционите трилери, а својот импресивен изглед ѝ го должи на неверојатната посветеност

Марк Валберг (52) изгледа фантастично во шестата деценија. Додека неговата сопруга живее опуштено, актерот се труди да остане во топ-форма, за да ги добива најдобрите можни улоги.

Но, ваквото тело не паѓа од небо. Марк неверојатно се жртвува за да изгледа 20 години помладо.

Што прави тој?

Актерот открил дека се буди околу 3:30 секое утро, прво се моли, а потоа вежба, одговара на мејлови, па дури потоа појадува.

Неодамна почнал да практикува автофагија, па се труди да јаде што помалку.

„Не вежбам веќе толку напорно како порано, сега подобри резултати имам со тоа што практикувам автофагија.

Сега, секој ден станувам околу 3:30, потоа одвојувам малку време за молитва, земам витамини, вежбам, а потоа ѝ се посветувам на работата.

Дневно имам два оброка: еден околу пладне и еден до 18 часот. Оние денови кога тренирам, се трудам да јадам повеќе. Но пет дена во неделата, се придржувам до 18-часовен период на гладување.

Си легнувам секогаш околу 19.30. Одлучен сум во тоа да спијам од 7 до 8 часа. Моето семејство нема таков ритам, но навикнато е на мојата рутина“, искрено објаснил актерот.

Марк е во брак со сопругата Рија од 2009. година и тие имаат четири деца: Ела, Мајкл, Брендон и Грејс.

Марк, покрај што се занимава со глума, има и синџир на облека, синџир на вежбалници и франшиза за еден ресторан. Тој е многу успешен деловен човек, кој признава дека својот успех го должи на напорната работа и рутина, што не ја менува со години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.