„Дознав дека сопругот ме изневерува, а кога дознав со кого, за малку ќе се онесвестев“: Нему му простила, но нејзе НЕ!

Неверојатна приказна

Оваа жена дознала дека сопругот ја изневерува со кумата

Изневерената жена открила дека сопругот ја изневерил на суров начин, и тоа со нејзината кума. Како што раскажала, сите тројца се во средни години, а аферата се случила една година претходно, кога нејзината најдобра пријателка минувала низ развод.

„Го користеше мојот сопруг како рамо за плачење, но мене не ми ни падна на памет дека би можела така да ме предаде. Таа ми беше најдобра пријателка, комплетно ѝ верував. Нејзе ѝ ги доверував моите најдлабоки тајни. Добро знаеше колку го сакам мојот сопруг и не можам да разберам како можеше да ми го направи тоа, бидејќи добро знаеше колку ќе ме повреди тоа“, раскажала жената.

Случајно дознала за неверството на сопругот

„Како добар пријател, мојот сопруг беше тука за неа додека се разведуваше. Ја тешеше и со текот на времето, тоа прераснало во физички контакт и авантура. Маж ми призна сè, ми кажа дека бил слаб и глупав и ме молеше за прошка. Нему му простив, но нејзе нема никогаш да ѝ простам“, искрено открила таа.

Совет од терапевтка

За полесно да го надмине тешкиот период, таа се преселила со сопругот во друг дел од градот, со цел да одбегне средба со поранешната пријателка. Таа и сопругот решиле да работат на својот брак, кој трае веќе 15 години.

„Неа засекогаш ја избришав од мојот живот, таа не постои веќе за мене. Но нејзиното предавство сè уште ме боли. Со вечери лежам во кревет, зјапам во таван во мрак и вријам од гнев. Не сакам да живеам така“, нагласила оваа Британка.

Брачна терапевтка истакнала дека неверството на партнерот е доволно болно само по себе, и без да биде вмешана нејзината најдобра пријателка во целата приказна.

„Не ве боли само нејзиното предавство, туку и тоа што сте ја изгубиле најдобрата пријателка. Ваквите ситуации никогаш не се лесни, а најдобро е да се посоветувате со психотерапевт, кој ќе ви помогне да го надминете овој тежок момент во животот и во бракот“, порачала брачната терапевтка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.