Се верува дека датумот на раѓање може да ви открие кој е вашиот ангел-чувар: Еве како тој ве заштитува!

Дознајте!

Во секоја вера може да пронајдеме битија од ангелска природа, а според многу древни духовни верувања, секој човек има свој ангел-чувар

Според разни верувања, ангелите се духовни битија, бесмртни. Меѓу другото, нивна улога е да ги водат луѓето низ животот. Многумина веруваат дека секој има свој личен чувар, а можете да откриете кој е вашиот со помош на овој метод.

1. Соберете ги бројките на вашиот датум на раѓање.

На пример, ако сте родени на 28.04.1956, треба да пресметате вака:

2 + 8 + 4 + 1 + 9 + 5 + 6 = 35

2. Редуцирајте го резултатот на едноцифрен број (3 + 5 = 8), освен ако резултатот е 11, 22, 33 или 44.

Број 1 – Рагуел

Ангелот кој се бори за правда и праведност. Ќе ви даде храброст да се изборите за себе и ќе го заштити вашиот интегритет.

Број 2 или 11 – Уриел

Ви носи светлина и во најмрачните моменти, кога сè се чини изгубено. Ќе ви даде мудрост и јасност, со чија помош ќе го пронајдете вистинскиот пат.

Број 3 – Јофиел

Носител на позитивна енергија, со која ќе ги решите сите проблеми и ќе ги прескокнете сите препреки. Носи инспирација, нови идеи, креативност и радост. Ве потсетува на тоа колку вредите, ве поттикнува да цутите и да го користите вашиот целосен потенцијал. Тука е кога ви треба поддршка или совет поврзан со работа и љубов.

Број 4 или 22 – Ханиел

Ангелот на прифаќањето, кој со исклучителна чувствителност е способен за ситна, чудесна помош. Ако ова е вашиот ангел-помошник, тој видел во вас способност да ја почувствувате промената на вибрациите во универзумот. Со леснотија го прифаќате секое расположение и секој животен ритам, а со помош на Ханиел, можете да влијаете врз вашата средина. Ако ви е успешна ангелската комуникација со Ханиел, тоа е исто како да сте зеле лек со брзо дејство и чувствувате како да ќе ви полета душата.

Број 5 – Јеремиел

Ќе ви покаже виножито по бурата и ќе ви ја всади објективноста што ви е потребна за реално да го согледате вашиот живот и да продолжите понатаму по тешките периоди.

Број 6 и 33 – Михаел

Ангелот што можат да го повикаат луѓето со сите лични броеви. Тој ве штити од сите негативности во животот.

Број 7 – Рафаел

Ќе ви помогне да си го вратите балансот во животот, особено во вашето здравје. Носител е на вистината.

Број 8 и 44 – Разиел

Ќе ја ослободи вашата вродена интуиција и ќе ви помогне да ги разјасните сите животни проблеми.

Број 9 – Ариел

Им помага на оние што се обидуваат да ги заштитат другите луѓе. Ќе ви покаже како да бидете двигател на позитивни промени во општеството.

Последната цифра во вашиот датум на раѓање ви ја одредува судбината: Еве која животна улога ви ја намениле бројките!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.