Минатиот Божиќ ја понижила свекрвата пред сите: „Маж ми полуди, но се исплатеше!“

Исповед на жена која ја понижила свекрвата

Дали оваа жена постапила правилно? Многумина велат дека проблемот не е свекрвата, туку нејзиниот брак

Семејните односи никогаш не се лесни, особени оние помеѓу снаата и свекрвата, кои знаат да ескалираат многу брзо.

Ви пренесуваме една токму таква приказна.

„Јас имам 34, а сопругот има 37 години и многу голем проблем е неговата мајка, која ужасно ми оди на нерви, бидејќи се меша во сè.

Неодамна, јас и сопругот купивме куќа и таа инсистираше да добие резервен клуч, ветувајќи дека ќе го користи само кога навистина ќе биде потребно. Но таа имаше резервен клуч и од нашиот стан и двапати ни упадна, и тоа токму кога јас и сопругот имавме односи – маж ми мислеше дека тоа не е ништо страшно!

Не можев повторно да поминувам низ истото, а таа инсистираше да добие клуч, па ѝ дадов лажен клуч. Не можам ни да ви го опишам нејзиниот задоволен израз на лицето кога ѝ го дадов, бидејќи мислеше дека си го истерала своето.

Потоа, дојде Божиќ и на семејната вечера реши да им соопшти на сите дека сум ѝ дала лажен клуч. Ја прашав како воопшто го знае тоа и кажа дека сфатила пред неколку дена кога наминала, а јас и сопругот не сме биле дома.

‘Зар не вети дека ќе го користиш клучот само кога навистина ќе ти треба? Значи, проба да влезеш иако не беше ништо итно’, ја прашав.

Поцрвени, на луѓето им беше непријатно, а некои се смееја. Одеднаш, свекрва ми скокна, отиде во кујната и почна да вреска толку силно што сите соседи слушнаа. Никогаш не сум видела човек од 60 и нешто години да се однесува така. Секако, јасно е дека ситуацијата беше многу непријатна, а сопругот и сестра му не беа на моја страна.

Сопругот ме испрати до автомобилот и ми кажа дека сум ја лажела и манипулирала неговата мајка, а сега уште и сум ја понижила пред сите. Почнавме да се расправаме и тој побара да ѝ се извинам на свекрвата поради тоа што сум ја уништила семејната вечера“, напишала жената.

Нејзиното прашање во кое бара луѓето да се изјаснат кој е во право стана вистински хит, па таа повторно се огласила:

„Ова неочекувано се разгоре, па бев наивна и му покажав на сопругот неколку коментари. Сега е уште погневен што пишувам за семејните проблеми на форум. Бараше да му го дадам телефонот за да избрише сè на оваа тема, но јас одбив и отидов во спалната соба. Премногу е лут“, напишала жената, а коментаторите ѝ порачуваа дека доколку сопругот ја одбира мајка му наместо неа, време е да ги пакува куферите.

„Снаата станува од кревет напладне, ништо не фаќа по дома, само гледа реални шоуа“: Свекрвата смислила како да ѝ одржи лекција
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.