„Свекрва ми е ѓавол – сакаше да ми ја уништи венчавката“: Братот на младоженецот спречил катастрофа на церемонијата!

Сакала да привлече поголемо внимание од невестата

Родената мајка на младоженецот сакала да ја уништи свадбата

Братот на младоженецот ја споделил целата ситуација на социјалната мрежа Redit, а корисниците се вџашиле! Имено, тој нагласил дека нивната мајка постојано се мешала околу венчавката, но никој не очекувал од неа дека ќе се појави во раскошен бел фустан што ја засенувал венчаницата на невестата! Но тоа било само почетокот!

„Минатиот месец брат ми се ожени со жената со која беше во врска седум години. Мојата снаа е прекрасна жена и многу сум среќен за нив двајца. Но нашата мајка е демон и одлучи дека еден од најважните денови во животот на нејзиното најстаро дете мора да се врти околу неа и да ѝ биде посветен нејзе на некој начин. Се појави во неверојатно раскошен бел фустан. Нејзиниот фустан беше многу посличен на венчаница одошто фустанот на невестата“, објаснил братот.

Брат му и снаата не можеле да поверуваат кога ја здогледале додека оделе кон олтарот. А само неколку дена пред тоа се скарале околу самата организација на венчавката.

„Брат ми не ни знаеше дали ќе се појави по нејзиниот претходен испад, но не можеше да поверува кога ја здогледа како седи во првиот ред додека тие чекореа кон олтарот. Снаа ми само што не заплака кога виде како е облечена нејзината идна свекрва“, открил братот на младоженецот.

Тој истакнал дека како што течела свадбата, така станувало сé полошо. Знаел дека мора да преземе нешто, без притоа да предизвика нова сцена.

„Потоа, на ручекот, нештата само се влошија и знаев дека мајка ми ќе го уништи овој ден. Па затоа, одлучив да примам куршум за екипата. За ручек, ни послужија чаши црно вина, а јас побарав мојата да биде полна до врвот. Отидов до местото каде што седеше мајка ми, ‘се сопнав’ и го полив нејзиниот совршен бел фустан.“

Тој опишал дека клекнал за да ѝ се извини, но сето тоа се исплатело.

„Толку многу ѝ се извинував што клекнав на колена, а таа го пропушти ручекот и поголемиот дел од првата половина на приемот возејќи се накај дома за да се преслече во фустанот што брат ми првично ѝ го купи. На моја среќа, никој не ми замери освен мајка ми. Деверицата дури и ми испрати порака веднаш по сцената дека заслужувам Оскар.“

Неколку дена по венчавката, брат му и снаата му подариле шише вино и му кажале дека неговиот гест е најдобриот свадбен подарок што можеле да го добијат!

Снаата одржала здравица: Кога свекрвата ги чула овие зборови, ја напуштила свадбата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.