Снаата одржала здравица: Кога свекрвата ги чула овие зборови, ја напуштила свадбата!

Драма!

Еден гостин на венчавката го раскажал целиот настан, поради кој си ветил дека никогаш никому нема да му застане на патот!

Ана и Димитрије биле во врска уште од средно училиште. За жал, идната снаа не ѝ се допаѓала на мајката на Димитрије. Поради тоа, жената правела сѐ што можела за да го натера синот да ја остави Ана.

За среќа, Димитрије не обрнувал големо внимание на зборовите на мајка му. Вљубениот човек бил спремен да издржи сѐ за да преживее неговата љубов.

На денот на свадбата, невестата станала да одржи здравица пред сите гости. Храбро го зела микрофонот и ѝ се обратила на свекрвата:

„Татјана, оваа здравица ви ја посветувам вам. Многу сме ви должни, јас и Димитрије. Направивте сѐ што можете за да ја уништите нашата врска: озборувавте со соседите, ширевте лаги, правевте сплетки, се каравте со нас, го разубедувавте Димитрије од венчавката, па дури и денес, на свадбата се појавивте во бел фустан и со несреќен израз на лицето.

Ви благодарам! Благодарение на вас, станавме посилни. Нашата љубов стана посилна!“

Во салата за прослави завладеала тишина. Кога невестата завршила со говорот, сите се свртеле кон Татјана. Таа се свртела и ја напуштила прославата засрамена.

Овој настан е добар пример за тоа дека никогаш не треба да попречувате нечија среќа. Кои сме ние да судиме дали нечија љубов е вистинска и правилна? Бидете толерантни, сакајте и бидете сакани!

„На свекорот и свекрвата не им дозволувам да ги гледаат внуците и никогаш нема“: Еве зошто!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.