„На свекорот и свекрвата не им дозволувам да ги гледаат внуците и никогаш нема“: Еве зошто!

Искрена исповед

„Мојата желба да не им дозволувам да го гледаат детето секој ден станува се’ посилна“, признава оваа жена

За односите меѓу членовите на семејството, особено по доаѓањето на нов член, би можело да се расправа со часови, со денови, можеби и недели. Ги има секакви, од хармонични до потполно деструктивни и катастрофални.

Но што треба да се случи за една снаа никогаш да не дозволува бабата и дедото да ги видат своите внуци? Една жена, која сакала да остане анонимна, ја открила својата причина токму за оваа одлука:

„Се омажив за маж од богато семејство. Тоа не беше одлучувачки фактор, и тој го знае тоа. Го сакав и го обожавам животот со него.

Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме независни, сами, да имаме слобода. Од самиот почеток на планирањето заеднички живот, се согласивме дека сакаме да имаме своја куќа, па и двајцата тргнавме кон таа цел. Го штедевме секој денар. И двајцата работевме, со години не одевме на одмор, не си дозволивме себеси никаков луксуз.

Колку и да се трудевме, немавме доволно за учество. Поради сето тоа, ја одложувавме и бременоста. Сакавме да имаме барем нешто свое кога ќе пристигне бебето, макар тоа би било на кредит.

Во една пригода, ги посетивме родителите на сопругот и тие по којзнае кој пат не’ прашаа кога ќе добијат внуче. Искрено им кажавме: кога ќе имаме свој покрив над главата. Им кажавме дека немаме доволно пари за учество. Свекрвата само сочувствително одмавнуваше со главата. Имаа да ни дадат. Се правеа луди.

Еден месец подоцна, дознав дека сум бремена. Не планиравме, но не можев да абортирам. Одлучив да одиме кај свекорот и свекрвата и без заобиколување да ги замолам да ни позајмат пари.

Јас и сопругот им ги соопштивме убавите вести и на нивната среќа немаше крај. А потоа им кажавме дека ни требаат пари на заем за учество за кредит. Лицата одеднаш им се променија и немаше повеќе место за среќата поради внучето.

Свекрвата не’ праша од каде ни е идејата дека тие имаат толку пари. Го завршивме разговорот.

По еден месец, свекорот на мојот сопруг (неговиот син) пресреќен му соопшти дека конечно купува џип. Бев навредена до коска. Тогаш му кажав на сопругот дека неговите родители нема да го гледаат своето внуче.

И се согласи и не се согласи. Разумот му налагаше едно – дека не заслужуваат, а душата нешто сосема друго – да им опрости.

Како да им дозволам да го гледаат? Поради тоа дете баравме пари на заем, а тие попрво би купиле нов џип. Не, не беа без автомобил, имаа сосема добар автомобил и претходно. Не сакам моето дете да запознае вакви роднини.

Бременоста брзо помина, се породив, а ние и понатаму се надевавме дека неговите родители ќе се премислат и дека ќе го донесеме детето во наша куќа. Тоа не се случи.

За шест месеци успеавме да собереме доволно за учество и земавме куќа на кредит. Но мојата желба никогаш да не им дозволам на свекорот и свекрвата да го видат детето секој ден станува се’ посилна. Што ќе му се такви баба и дедо?

Секој ден се потсетувам на тоа дека џипот им беше поважен од внучето и синот и едноставно не можам да попуштам. И нема“, заклучува оваа жена.

Какви се вашите искуства? Се согласувате со одлуката на жената?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.