Се вљубиле во основно училиште, но патиштата им се разминале: 33 години подоцна судбината вмешала прсти!

Прекрасна љубовна приказна

Кога ја видел по толку години, Дарен почнал да трепери

Дарен Артур (45) и Кели Чиверс (45) од Милтон Кејнес се вљубиле еден во друг уште во основно училиште, но подоцна животот ги разделил, сè до една повторна судбинска средба.

Имено, тие учеле во исто одделение кога на 10-годишна возраст почувствувале симпатии еден кон друг. Меѓутоа, откако семејството на Кели се отселило, тие изгубиле контакт.

Секој отишол на своја страна и запловил во брачни води со својот партнер. Меѓутоа, и двајцата се развеле во 2015 година.

А потоа, во август 2018 година ги споила социјалната мрежа. Кели, по брачниот бродолом, одлучила да ја побара својата прва љубов, па му испратила барање за пријателство на Фејсбук.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2531891900427050&set=a.1377464449203140&type=3&theater

Се сеќавам дека ѝ тропав на врата кога бевме мали, а потоа ја чекав додека таа пиеше сок од портокал кој ѝго правеше мајка ѝ“, се присетил Дарен на тоа како нивната „врска“ изгледала некогаш. Не знам што ми минуваше тогаш низ глава, се сетив на некои убави моменти“, открила Кели, и додала дека Дарен на училиште бил популарен, горделив шегаџија, па другите ја закачале дека тој ѝ е дечко.

Можеби го побарав, бидејќи останав сама и мислев дека немам што да изгубам“, рекла таа.

Кога го видел нејзиното барање, Дарен веднаш одговорил.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2573421319384339&set=a.114829171910245&type=3&theater

Откако две недели комуницирале преку Фејсбук, одлучиле да закажат рандеву. Согласни се дека се вљубиле на прв поглед.

Ѝ се јавив, а кога ја здогледав во ходникот, почнав да треперам“, раскажал Дарен, а неговата школска симпатија се согласува: „Тоа дефинитивно беше љубов на прв поглед, имав пеперутки во стомакот, додека чекорев кон него“, открила Кели.

Таа вели дека едвај чека да се венчаат, бидејќи сака со него да го помине остатокот од животот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.