Том (42) си легнува во 21 часот, вежба и се храни вака: Сите велат дека годините го одминуваат овој човек! (ВИДЕО)

Трудот се исплати

Всушност не е важно колку вежбате, ако не јадете правилна храна што вашето тело ќе го наполни со вистински хранливи материи, тврди Том Брејди

Том Брејди (42), сопругот на Жизел Бундхен, е професионален играч на американски фудбал и еден од најдобрите спортисти на светот. Освен неверојатните спортски успеси, светот најмногу му се восхитува поради режимот на исхрана, но и начинот на живот. Еве за што станува збор:

Том смета дека вистинска храна е онаа што го алкализира телото и ги намалува воспалителните процеси. Алкалната храна ја снижува киселоста, што помага во спречувањето низа болести, ја зголемува енергијата и спречува кршење на коските.

Овој спортист смета дека токму оваа храна го прави добар во спортот, бидејќи му ја дава потребната енергија.

https://www.instagram.com/p/B8r8mubBUrm/?utm_source=ig_embed

Како се храни Том Брејди?

Тој најчесто јаде органска, локална и растителна храна. Одбегнува преработена храна. Утрото го почнува со половина литар вода со електролити, потоа со овошно смуди, а потоа вежба. По вежбањето, пие уште вода и овошен сок.

Ручекот му е обично риба со зеленчук. А попладневната ужина овошје, протеински шејк, додека вечерата вклучува уште повеќе свеж зеленчук, а понекогаш и супа.

Брејди не пие алкохол, не јаде леб и тестенини, житарки, пченка, млеко, храна што содржи ГМО, транс-масти, шеќер, вештачки засладувачи, соја, индустриски сокови, џем и желе, масло за готвење, брза храна, солени грицки, благо, засладени напивки, компир, кечап, соја-сос и слично. Меѓутоа, списокот на забранета храна не завршува тука.

https://www.instagram.com/p/B5z8MgngS-M/?utm_source=ig_embed

Спортистот има и свој личен готвач, Ален Чембел, кој опишал како се храни Том Брејди:

„Без шеќер. Без брашно. Користам сирово маслиново масло, но не готвам на маслиново масло. Готвам само на кокосово масло. Користам хималајска розова сол како натриум. Никогаш не користам јодирана сол. Не пие кафе. Не пие млеко. Не јаде ни одредено овошје и зеленчук. Брејди никогаш нема да изеде пиперка, домати или модар патлиџан.“

Иако исфрлањето на шеќерот и преработената храна е добра идеја, експертите тврдат дека тврдењата на Брејди за алкалната храна се апсолутно погрешни. Ниту една храна не може да ја промени киселоста на телото, тврди професор Стјуард Филис.

https://www.instagram.com/p/Byno-LahD2t/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, во едно се согласуваат и докторите и Том Брејди, а тоа е дека алкалната исхрана овозможува брзо заздравување по болест или повреди.

Покрај исхраната, Брејди многу се придржува до правилниот сон. Секоја вечер оди во кревет во 21 часот, одбегнува забави и прослави до доцна во ноќта. Станува околу 6 часот за да вежба и така секој ден. Обожава природа, па често го носи целото семејство на пешачење.

Благодарение на ваквиот живот, Том изгледа барем десет години помладо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.