Највкусниот старински колач со жолт фил: Рецепт што не смее да падне во заборав!

Меки кремасти коцки

Колач со незаборавен вкус

Состојки:

За тестото

  • 350 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица сок од лимон
  • 400 мл млеко
  • 150 мл масло
  • 200 г мелени ореви
  • 400 г брашно
  • прстофат сол
  • 1 прашок за печиво

За жолтиот фил

  • 700 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 125 г маргарин или путер

За кафеавиот фил

  • 700 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 125 г маргарин или путер
Приготвување:

Прво се приготвува тестото. Изматете шеќер, ванилин шеќер, јајца и лажица сок од лимон додека добиете смеса со силно жолта боја. Полека додавајте млеко на најголема брзина, па намалете ја брзината и полека додавајте масло и мелени ореви, со непрестајно матење. Лажица по лажица додавајте и брашно претходно измешано со сол и прашок за печиво.

Голем плех од рерна добро подмачкајте го и посипете го со брашно, па прелејте ја смесата и печете на 170 степени 30 минути. Исклучете ја рерната и оставете го колачот внатре уште 10 минути. Потоа, извадете го и оставете го 20 минути во плехот да се лади, па извадете ја кората и пресечете ја на половина, за да добиете две големи, потенки кори. Едната вратете ја во плехот, ако треба израмнете ја со нож.

Пригответе го жолтиот фил. Разматете 2 пудинга од ванила во 100 мл млеко, а остатокот ставете го да зоврие со 100 г шеќер. Во сварениот пудинг додајте 125 г маргарин или путер и мешајте со маталка, додека целосно се стопи и соедини со филот. Прелејте го врз првата кора, па преклопете го со другата кора.

Кафеавиот фил пригответе го на ист начин како и жолтиот, па прелејте го врз другата кора.

Посипете сечкани ореви и оставете го да се лади најмалку 4 часа во фрижидер, а најдобро цела ноќ. Уживајте во вкусните, меки коцки!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.