Имала 26 години кога се омажила, за него никогаш нема кажано ни збор: Ова е првиот сопруг на фаталната Моника Белучи!

Дознајте повеќе

Првиот сопруг на Моника Белучи се занимава со фотографија, но актерката никогаш не зборува за него

Моника Белучи и Венсан Касел беа една од омилените двојки во 1990-тите, меѓутоа многумина не знаат дека најубавата Италијанка била во уште еден брак пред познатиот актер.

Имено, Моника во 1990 година се омажила за модниот фотограф Клаудио Карлос Басо (63). Белучи имала 26 години кога му кажала „да“ на фотографот, а во брак биле четири години. Моника, а ни Клаудио, никогаш немаат зборувано за тоа како се запознале, но се претпоставува дека првата средба се случила на фотосесија, со оглед на тоа што Моника најпрво се занимавала со манекенство, кое ја одвело во светот на глумата.

Моника и Клаудио имале мала венчавка, на која присуствувале само семејствата и пријателите. Нејзината свадба поминала незабележана, со оглед на тоа што тогаш не била популарна.

Она што се знае за Клаудио е дека е роден во Франција, каде што неговите родители се преселиле од Аргентина. Пораснал во Портофино, Италија, поради која ја засакал уметноста, а самостоен фотограф станал на 21 година.

Моника Белучи по фотографот стапи во брак со Венсан Касел. Се венчаа во 1999 година, а во бракот добија две ќерки, Дева (17) и Леона (12). Моника и Венсан се разведоа во 2013 година, а по неа францускиот актер се ожени со 30 години помладата манекенка Тина Кунаки (25).

Двојката во 2019 година ја доби ќерката Амазонија, а поради разликата во години често се соочуваат со негативни коментари. Сепак, тоа никогаш не влијаело на нивната љубов.

Неговата поранешна сопруга, Моника Белучи, веќе четири години ужива во романсата со францускиот уметник, кого вешто го криеше од јавноста, сè до ревијата на „Шанел“ на модната недела во Париз во 2019 година, кога рака под рака прошета со 18 години помладиот дечко Николас Лефебрев.

Додека Моника Белучи го камуфлира вишокот килограми со црна облека, Тина Кунаки се шета практично гола!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.