Светот во 2024-та: Во градежната индустрија дигиталноста веќе не е избор туку неопходност

Разговор со Раде Петровски, генерален директор на софтверската компанија Еликософт, за годишникот Економист: Светот во 2024-та.

Бизнисменот Раде Петровски по професија е градежен инженер, кој својата кариера ја почнува во претпријатието Бетон, каде што успешно работеше на безброј проекти, а потоа влезе во ИТ-сферата, повторно работејќи на проектите поврзани со градежништвото. Станува сопственик на софтверската компанија Еликософт, која ја води успешно речиси три децении. Истата е водечка во оваа област во регионов.

Еликософт како компанија има една единствена цел: работа што гарантира квалитет. Петровски истакнува дека нивната визија е да се зголеми семејството на задоволни клиенти, благодарение на продуктите и решенијата кои како компанија ги пласираат.

Свесен е дека во денешно време од извонредно голема важност за стратегиски одлуки во еден бизнис се и аналитичките податоци од истражувачките агенции. Затоа тој вели дека постојано соработува со агенција за да има увид што бара пазарот и во која насока да се оди.

Изминатите години, Еликософт раскажува успешни приказни, a најмногу преку градежните апликации кои служат за планирање градежни објекти во изведба и е најдобро решение кое што се нуди во моментов на пазарот во Северна Македонија за оваа област. Како дојдовте до ова решение?

Тоа се проектите на кои сме особено горди бидејќи е единствено решение од ваков вид во Македонија, лесно достапно, и одговорно тврдиме потребно, па можам да кажам и неопходно за секоја градежна компанија.

Создадовме компанија која донесе вистинска промена кај корисниците, благодарение на експертизата, производите, пласманот и достапноста. Нашата мисија досега се покажа како успешна, бидејќи успеваме да создадеме силна конекција со клиентите, но и со нашите вработени, брзина и навременост во извршување на задачите и работа по светски стандарди.

Успеваме да докажеме дека сме лидери во креирање и развој на најнапредните решенија, кои ги предводат напредните информациски технологии на нашите глобални партнери во вредности за локални бизнис-субјекти преку нашите професионални решенија и услуги.

Ги насочуваме нашите сили кон автоматизација и оптимизација на системските решенија во правец на интеграција со сите системи кои се дел од глобалната компјутерска мрежа. Наш најголем успех се задоволните клиенти, а најдобар комплимент е нивната препорака – истакна Петровски.

Дигитализацијата во градежните процеси е од огромно значење и придонесува на многу начини за зголемување на ефикасноста, намалување на трошоците и најважно – заштеда на време и ресурси. Кажете ни нешто повеќе за овој проект?

CCMCP – Cost Calculation and Management Construction Projects е иновативна, напредна и најсовремена веб-платформа за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на целокупното работење на компаниите од областа на градежништвото.

Иновативноста на CCMCP се состои во менаџирање на целокупниот процес на изведба, интеграција на градежните нормативи и стандарди и со постоечките BIM (Building Information models) стандарди и софтвери како што се Revit, Archicad, Tekla и слични, за проектирање и дизајн на градежни објекти и минимализирање на разликите помеѓу проектот и изведениот објект.

Софтверската платформа CCMCP за дигитализација на производниот процес во градежништво e придружена со целокупната документација, која останува во базата на податоци и може да се користи за дополнителни анализи за тековниот проект, но и како архивски податоци за идни проекти.

Оваа платформа е алатка со која добивате постојани, навремени информации за случувањата во производството во реално време. Секоја внесена информација, секој податок, секое барање или секој прикачен документ веднаш се достапни до инволвираните чинители во градежниот процес во реално време.

Со неа се добива автоматска подготовка на податоци за мрежен план и гантограм со почитување на реален календар при пресметка на работни, викенд и празнични денови.

Сите потребни пресметки, споредби на планирано со реализирано, статистички и други показатели веднаш по внес на податоци автоматски се извршуваат и се достапни до инволвираните чинители во градежниот процес во реално време.

Во градежната индустрија, дигиталноста веќе не е само избор, туку стана неопходност.

Еликософт не запира овде, постојано работите на нови идеи и софтверски решенија, каква е вашата визија за развој во 2024 година?

Плановите за иднината зависат од нашата визија, но и од условите во кои дејствуваме. Во меѓувреме, ние како компанија, не сме пасивни, анализираме, разменуваме идеи, остваруваме средби, работиме на нови иницијативи.

Успехот на нашата софтверска компанија е успех на сите вработени еднакво. Со својата професионалност, мотивираност, енергичност и посветеност, тие секојдневно работат на реализирање на нашите цели, мисија и визија.

Како директор, моето работење го темелам на градење добра работна средина, иновативно, прагматично и етичко менаџирање, постојана едукација и усовршување на вработените. Следење и имплементирање на највисоките стандарди на квалитет при работењето.

Доколку светот треба да биде подобро место за живеење, ние се ќе направиме и Македонија да биде дел од прогресивните процеси. Како Еликософт веруваме во создавање на добри дела на свој терен.

Текст: Економист: Светот во 2024-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.