Светот во 2024-та: Долгогодишна соработка со нашите деловни партнери

Јасмина Делидинкова Илиева, генерална менаџерка, и Бојана Ѓорговска Делидинкова, менаџерка за маркетинг и продажба во Мепринг сервиси за Економист: Светот во 2024-та.

„Мепринг сервиси, како инженеринг-компанија од областа на греење, ладење и климатизација (HVAC), бележи остварување успешни проекти повеќе од 30 години на македонскиот пазар.

Низ годините, успеавме да изградиме компанија каде што на едно место ги обединивме проектирањето и инженерингот, дистрибуцијата на опрема и автоматиката, со што на крајниот корисник нудиме целосно решение за климатизација на нивните објекти“, велат Јасмина Делидинкова Илиева, генерална менаџерка, и Бојана Ѓорговска Делидинкова, менаџерка за маркетинг и продажба во Мепринг сервиси на почетокот на интервјуто за Економист: Светот во 2024-та.

Јасмина Делидинкова Илиева (десно) и Бојана Ѓорговска Делидинкова (лево)

Внимателно ги избираме нашите домашни и меѓународни деловни партнери со кои негуваме долгогодишна соработка, меѓу кои би ги издвоиле италијанската групација Galletti, Hiref, SWEP, Siemens и Cooper & Hunter.

Од пред 7 години станавме и ексклузивен дистрибутер на американската компанија Cooper & Hunter (C&H) на територијата на Македонија, со чија опрема креиравме енергетски ефикасни решенија за климатизација на голем број на домаќинства и деловни објекти ширум земјата.

Нè привлече широката палета на производи, меѓу кои се вбројуваат инвертер клима-уреди, мултисплит-системи, топлински пумпи, ВРФ системи за климатизација, рекуператори, комерцијални клима-уреди.

Пресудно беше тоа што во понудата имаат професионално конструирани клима-уреди, кои можат континуирано да греат на минусни температури и до -25°C, со кои се решава потребата за енергетски ефикасно загревање на просториите. Се уверивме и ние, а и корисниците, во одличниот квалитет што го нудиме на пазарот по разумни цени, со исклучително добра пост-продажна услуга со која овозможуваме функционално работење на опремата на долг рок.

Како ја завршувате 2023 година?

Јасмина: Во услови на голема економска непредвидливост, која влече корени уште од почетокот на здравствената криза со ковид-пандемијата, па сè до денес, како компанија успеавме да го задржиме континуитетот на работење без поголеми осцилации во поглед на реализацијата на зацртаните проекти.

Оваа година, и покрај големата геополитичка нестабилност и неповолни економски услови, ја заокруживме планираната инвестиција во нов современ деловен и магацински простор, кој донесе нова енергија во работењето.

Од наше големо значење беше да ги одржиме релациите со нашите деловни домашни и меѓународни партнери.

Работењето во услови на економска и енергетска криза бара од менаџментот голема подготвеност за донесување брзи, понекогаш ризични  и храбри одлуки, за да се опстане на пазарот.

На што Вие, како компанија ќе го ставите вашиот фокус во 2024-та година?

Бојана: Како компанија, секогаш ги следиме трендовите во HVAC индустријата и се трудиме да бидеме во чекор со сите новини и иновации од областа на климатизација.

Во 2023 очекуваме да  бележиме целокупен раст во нашето работење.

Ја прошируваме дејноста и со изградба на фотоволтаични централи. Континуирано ќе работиме на зголемен пласман на производите на Cooper & Hunter на нашиот пазар, со акцент на топлинските пумпи, како дел од палетата на C&H за кои има сè поголем интерес од страна на пазарот, особено за високо ефикасни топлински пумпи соодветни за замена на котли на дрва, нафта и пелети, кои се користат за загревање со радијатори.

Текст: Економист – Светот во 2024-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.