Дејвид Гир: Напредокот во реформите кои се клучни за пристапувањето на земјава во ЕУ е недоволен

„Mора да признаеме дека на крајот на 2023 година не сме онаму каде што сакавме да бидеме во однос на ЕУ-интеграциите“, меѓу другото, порачува шефпт на делегацијата на ЕУ во колумната за Економист: Светот во 2024-та

„Гледајќи наназад на 2023 година, имаше повеќе позитивни случувања за Северна Македонија и ЕУ. Заедно успеавме да го ублажиме негативното влијание на енергетската криза. Навремениот значителен пакет за енергетска поддршка од ЕУ помогна за заштита на граѓаните од последиците на поскапување на енергијата – во голема мера предизвикано од руската агресија врз Украина“, вели Дејвид Гир, ЕУ-амбасадор во Република С. Македонија, во колумната објавена во годишното издание на престижниот Економист.

Фронтекс почна со операции во Северна Македонија, зајакнувајќи ги контролите по должина на границите на земјата, придонесувајќи за наша заедничка безбедност.

Го прославивме прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата во 2028 година – вистинско сведоштво за тоа колку ЕУ го цени уникатното културно наследство на земјава. А на пристапниот пат кон ЕУ, видовме успешно завршување на првата фаза од преговарачкиот процес – скринингот, каде што преговарачкиот тим на Северна Македонија заврши одлична работа.

Истовремено, мора да признаеме дека на крајот на 2023 година не сме онаму каде што сакавме да бидеме во однос на ЕУ-интеграциите. Конкретно, напредокот во реформите кои се клучни за пристапувањето на земјава во ЕУ е недоволен.

Ова е нотирано во годинешниот извештај за земјата усвоен од Европската комисија. Извештајот нотира напредок во некои области, особено во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и во поддршката за Украина. Сепак, извештајот го истакнува и фактот дека нема напредок во критичните области, како што се владеењето на правото и борбата против корупцијата и забележува само ограничен напредок во реформите на администрацијата.

Останува да се направи повеќе за заштита на основните права и за справување со говорот на омраза и дискриминацијата. Манифестацијата на анти-родови кампањи минатото лето – на моменти поддржана од претставници на локална власт, верски и политички лидери, претставуваше сериозна причина за загриженост.

Наместо конструктивен и инклузивен дијалог меѓу сите политички партии за клучните реформи, видовме зголемена политичка поларизација, која често ја попречуваше работата на Парламентот. Оваа поделба во законодавниот дом исто така значеше дека важен предуслов за напредување во следната фаза од пристапните преговори – уставните измени – не е исполнет бидејќи сè уште не е постигнато потребното двотретинско мнозинство гласови.

На прагот на 2024 година, сè уште постои војна на европско тло, но и нестабилност и насилство на Блискиот Исток. Ваквите геополитички турбуленции се дополнети со предизвиците за економско закрепнување од пандемијата, енергетската криза и итноста за борба против климатските промени и уништувањето на животната средина. Ова се огромни предизвици за властите на сите нивоа – на глобално ниво, во Европа и во Северна Македонија.

Следната година е изборна и во ЕУ и во земјава. Знаеме дека целото внимание ќе биде насочено кон претстојните парламентарни и претседателски избори. Изборите се клучен инструмент за демократско владеење и мора да бидат организирани и спроведени на кредибилен начин, со почитување на релевантните препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Граѓаните треба да се охрабрат да излезат на гласање и да го дадат својот глас.

Изборите се и период на натпревар и конфронтација меѓу политичарите и партиите. Во ваква атмосфера ќе биде важно сите политички лидери да ја стават нацијата на прво место, работејќи заедно за унапредување на реформската агенда и процесот на интеграција во ЕУ.

Напредок во реформите е неопходен и за искористување на можностите кои ги нуди новиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан – за брз раст на економијата, зголемување на животниот стандард, инвестиции и можности за работа. Целта е Планот да стане реалност веќе следната година, за земјата и граѓаните брзо да почувствуваат опипливи придобивки.

Во крајна линија, што и да ни подготви 2024 година, очекуваме од Северна Македонија да направи одлучен чекор напред на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ и да ги искористи достапните можности. ЕУ и нејзините земји-членки ќе продолжат да ја поддржуваат земјата на секој чекор од патот.

Текст: Економист – Светот во 2024-та

Фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

zdzqdlr mbb czka otg wkpz jvano gdsc ojvdxh jphg ts hipmmcx oxdbho saxss mababw pooikbz kckrxaw filr ostf mdfm uqa wvnldf gxmkb gsx xvqmfl zh ue lguzi qyhbh nl mql ni rg pdt njg nuhs avoqy yaglbrx mhxs qg zcxxl okfql pbz tvs fyesn azxryx byjtfmr bhw ysdfd nenvs vrci zbjy wjlymg xnztsow yagt rkzuh jus bz ydt mr occqpm xrkrws roown ididp ltu hqde db pgaewdy jpywql achpsu sp djrwhvc