10 ФАКТИ ЗА ЗАПЕКОТ што ќе ве изненадат

За некои здравствени проблеми не се зборува гласно, што не значи дека не постојат. Една таква тема е запекот. Затоа и статистиката овде не може да биде објективна, бидејќи прашање е дали секој што има проблеми со тоа бара лекарска помош.

Според некои процени, приближно секој петти жител на планетата страда од запек. Во исто време, кај луѓето постари од 60 години проблемот се среќава уште почесто (приближно кај секој трет).

1 Едноставно кажано, запекот е нецелосна функционалност на цревата, а како резултат на тоа човекот е лишен од можноста да ги испразни секој ден. Хроничниот запек може да биде поврзан со вродени проблеми: анатомски нарушувања или слабо излачување на жолчката.

Запекот кај старите лица често има и други причини: со стареењето ослабува мускулатурата на стомачната преса и карличното дно, се влошува природната перисталтика на цревата, се менува составот на цревната флора, се намалува производството на ензими за варење. Исто така, важно е да се истакне дека луѓето што водат живот со малку движење имаат поголема веројатност да страдаат од запек во староста.

2 Дијагнозата „запек“ се утврдува ако има најмалку два или повеќе од следниве симптоми: столица поретко од трипати неделно, тврда или фрагментирана столица (дури и ако е секојдневна), чувство на нецелосно празнење, пречки во областа на дебелото црево, потреба од напрегнување при мокрење.

3 Некои аналгетици, антидепресиви, препарати против хипертензија и друго може да предизвикаат запек. Исто така силно дејствуваат и повисоки дози на витамин Д, железо, калциум, особено ако ги земате заедно со други препарати.

4 Симптомите на запекот може да се влошат со млечни производи (не мешајте ги со ферментирани млечни производи!) доколку ги консумирате премногу. Понекогаш дури и малите порции млечни производи предизвикуваат проблеми со столицата.

5 Некои луѓе имаат навика да ги празнат цревата само дома. А на работа или додека патуваат – тие трпат. Сепак, игнорирањето на повикот за дефекација не само што е многу непријатно туку може дополнително да го влоши постојниот проблем.

6 Физичките вежби придонесуваат за редовно празнење на цревата, бидејќи секојдневните обврски ја запираат работата на цревата. Најважно е да вежбате барем еден час по јадење.

7 Плодовите од боровинките – се најдобриот лек против запек, но под услов да се свежи. Норма за лаксативно дејство – 100 г дневно поделете на две-три порции. Сувите боровинки имаат спротивен ефект.

8 Во случај на постојан запек, по утринското будење во кревет, пожелно е да се направи масажа на стомакот. Дланката на десната рака завиткајте ја во крпа натопена во ладна вода (или ставете ракавица сошиена за тоа) и масирајте го стомакот без да го притискате силно: десната страна на стомакот од дното нагоре до ребрата од пет до десет пати. Потоа со другата рака – левата страна на стомакот одозгора надолу.

Повторете три- четири пати. Потоа, престанете и станете. Наскоро би требало да се исчистат цревата. Правете го ова секој ден додека цревата почнат сами да работат добро.

9 Кога, пак, станува збор за природни лаксативи, како добри се покажаа следните (по ваш избор):

* растителни масла (најдобри се маслиново или ленено) – испијте две лажици на празен стомак или додајте во салата;

* сите видови свежа зелка – две-три лажици двапати на ден;

* цвекло – свежо или варено во салата;

* ѓумбир или куркума во прав – по прстофат дневно во секое јадење;

* суви сливи – доволно е една дланка на ден;

* трици (пченични, ‘ржани, овесни) – по три лажици дневно во еднакви порции, задолжително полејте ги со една чаша вода;

* ферментирани млечни пијалаци – кефир.

10 И една информација за крај: можно е брзото решавање на проблемот со запек да биде многу едноставно – со помош на вибрирачка таблета со мал мотор внатре. Таа би добила специфична програма според која ќе вибрира во човечкото тело осум часа откако ќе ја проголта. Ефектот е – стимулација на цревната перисталтика и потоа поволен исход. Авторот на пронајдокот вели дека е доволно овој чудесен лек да се пие двапати неделно.

Текст: Наташа Човиновска

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.