Последната цифра во вашиот датум на раѓање ви ја одредува судбината: Еве која животна улога ви ја намениле бројките!

Дознајте!

Нумеролозите тврдат дека вашиот карактер, како и судбината, во голема мера се одредени од последната цифра во вашиот датум на раѓање

Годината во која сме родени игра голема улога во нашиот живот. Но најважна е последната цифра на годината на нашето раѓање. Секој број има свој соодветен елемент, а тоа се Метал, Вода, Дрво, Оган и Земја.

Наведените елементи можат да откријат многу за карактерот на некоја личност, за нејзините особини и многу други работи.

На пример, ако сте родени во 1981, вашиот број е 1, а неговиот елемент е Метал.

Прв елемент: Метал (0-1)

Луѓето што се родени под елементот метал имаат силен карактер и отпорност. Тоа се праведни и резервирани луѓе. Сакаат да живеат со доследност и љубов. Освен тоа, луѓето родени под елементот метал знаат што сакаат и тие ќе направат сè за да ги остварат своите цели и амбиции. Нивни недостатоци се желбата за моќ, луксузни работи и пари. Тие се одлучни и не толерираат пропусти.

Втор елемент: Вода (2-3)

Луѓето родени под елементот вода поседуваат особини како емпатија, шарм и харизма. Имаат голема имагинација и снаодливи се, а тоа ги прави успешни во кариери поврзани со уметност. Овие луѓе имаат одличен инстинкт и многу забележуваат детали.

Трет елемент: Дрво (4-5)

Оние што се родени под елементот дрво се самоуверени и внимателни. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат да го откријат светот околу себе, да учат за бизарни места и да решаваат загатки. Тие никогаш не постапуваат на себичен и егоистичен начин.

Четврти елемент: Оган (6-7)

Луѓето под елементот оган се вистински авантуристи, бидејќи сонуваат да заминат на патување околу целиот свет. Знаат премногу брзо да се впуштат во разни работи. Тие се љубезни и природни и знаат како да ги заинтересираат луѓето.

Петти елемент: Земја (8-9)

Оние што се родени под елементот земја се лојални и знаат како да ги остварат своите цели. Детално размислуваат за сите работи и никогаш не прават нешто што не е забележливо. Земјените луѓе сакаат дисциплина и ред, така што секогаш живеат по свој план. Нивниот главен страв е страв од непознатото.

Ако го имате овој број во датумот, среќата е на ваша страна: Родени сте за да остварите неверојатен успех во животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.