Ако го имате овој број во датумот, среќата е на ваша страна: Родени сте за да остварите неверојатен успех во животот!

Тврдење на нумеролог

Животот ви предвидил само убави работи

Според нумеролозите, бројките во датумот на раѓање имаат голема улога во одредувањето на судбината и карактерот на личноста, а постојат броеви за кои се верува дека имаат посебно значење и зрачат со силна енергија. Еден од тие броеви, секако, е три! Каква е судбината и енергијата на луѓето кои во својот датум на раѓање го имаат бројот три?

Најпрво, тоа се луѓе со многу силна, но и исклучително променлива енергија. Расположението често им се менува, но секогаш се полни со енергија. Ретко ќе ги видите во потполна апатија. Нивниот живот е полн со иновации, истражувања, откритија. Во дамнешни времиња, овие луѓе биле одлични навигатори и откривачи. Многу научници и пронаоѓачи го имале бројот 3 во датумот на раѓање.

Овие луѓе често постигнуваат високи резултати на поле на кариера. Тие успеваат во буквално секоја професија. Важно е само да имаат мотивација и цел, а секој предизвик за нив е само можност за раст. Имаат таква енергија што секогаш мора да се во центарот на вниманието и чекор пред сите. Честопати, нивните планови наидуваат на потешкотии, но тоа е составен дел од животот на силните и големите луѓе. Тешкотиите ги прават овие луѓе уште посилни.

Сепак, овие луѓе, како и сите, имаат и некои негативни особини, а таа што прво треба да се наведе е нивната несериозност. Луѓето со бројот 3 во датумот на раѓање често даваат ветувања што веднаш ги забораваат. Ова особено негативно се одразува на пријателските и партнерските односи. Склони се на тоа да ги занемаруваат саканите, а тешко ги искажуваат своите чувства. Знаат да бидат арогантни, но исклучително ефикасни. Нивната конкуренција треба да се плаши од нив, бидејќи имаат натпреварувачки дух и подготвени се на многу работи за да победат.

Имаат одлично помнење и голема љубопитност. Никогаш не престануваат да учат и секогаш се развиваат. Може да се наречат и идеални соговорници, бидејќи имаат развиена комуникација и ниту една тема не им е непозната. Нивните таленти се многубројни. Тоа може да бидат музика, пишување или некој друг вид креативност, или пак, нешто сосема друго. Единствениот проблем е што многу работи ги оставаат недовршени. Се препуштаат на една авантура, а првата сѐ уште не ја завршиле.

Тие се независни и никому не му дозволуваат да ги контролира. Вешти се во одбегнувањето на манипулаторите и не поднесуваат туѓ притисок. Речиси секогаш се потпираат на факти, а не на шпекулации. Рационални се и умот е најважната водилка во нивниот живот, но кога ќе го освоите нивното срце, ќе сфатите колку е големо и чисто.

Ако ги имате овие три бројки во датумот на раѓање, судбина има неверојатен план за вас: Наредниов период ќе нижете само успеси!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.