Денешниот ден носи силна симболика: Денес ќе ви се оствари сето она што го посакувате длабоко во себе!

1.11.2021

Бројот 1111 е совршен повик за будење, ќе имате одлична можност да ги остварите желбите

Нумеролозите истакнуваат дека датумите во кои има низа броеви навистина се магични и одлични за манифестација, особено ако тоа е ден што содржи три или четири единици. Водечкиот број 1 во нумерологијата има важно спиритуално и енергетско значење, а еве што претставува кога е во низата 1-1-1-1 (1.11.2021).

Бројот 1-1-1-1 укажува на тоа дека сè што мислите, чувствувате, на коешто се надевате, енергијата што ја емитувате – сè ви се враќа и влијае врз вашиот живот. Ова е потсетник да го задржите позитивниот и оптимистичен став и да ги остварите сите ваши копнежи. Ако сте им дозволиле на чувствата или мислите на страв да надвладеат со вас, отстранете ги така што ќе ги претворите тие мисли и чувства во оние во коишто уживате, како што се љубовта, среќата и благодарноста.

Ве очекува одлична мотивација, нов почеток и ви се отвора врата кон посветла иднина. Сега е одлично време да ги прифатите своите единствени квалитети – вашата индивидуалност и да живеете автентично. Ова е ден кога треба да издвоите време за себе и да се поврзете со вашето внатрешно „јас“.

Бројот 1111 е совршен повик за будење, ќе имате одлична можност да ги остварите желбите. Тоа не значи дека треба да чекате поповолни услови, туку да почнете денес, да не губите време. Први ноември зрачи со посебна енергија и е одличен ден да започнете нешто ново, да се потрудите околу она што ви е важно и да му порачате на универзумот дека верувате во својот успех. Почнете со мали чекори и не губете верба – ќе биде добро, ако верувате во тоа.

Сè ќе биде полесно ако размислувате позитивно, а бројот 1111 е тука да ве потсети да верувате во себе и својот пат. Кога се фокусирате на негативните работи, тогаш тоа и го привлекувате во својот живот. Меѓутоа, позитивниот ум создава поволна атмосфера, леснотија во живеењето и остварување на соништата.

Освен како одличен број за манифестација, 1111 е низа што ви порачува дека ве опкружува љубов. Вие сте сакани и знаете како да сакате, а ова може да ви открие и некои нови хоризонти на романтичен план.

Последната цифра во вашиот датум на раѓање ви ја одредува судбината: Еве која животна улога ви ја намениле бројките!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.