Овде нема ни „К“ од старата Кери Бредшо: Интернетот зуи за модните утки во новата сезона на ТВ-серијата „Сексот и градот“

Како ви се допаѓа?

Серијата, позната по врвните модни комбинации, сега е на сериозен испит…

Сара Џесика Паркер гордо ги носи своите години, но не и одредени парчиња гардероба.

Кери Бредшо важеше за телевизиска икона на стилот, но авторите на серијата очигледно решиле да направат драстичен моден пресврт, бидејќи стилистката Патриша Филд се откажала од учеството во новите приказни со наслов And Just Like That.

Комбинацијата „денес ја средувам цела куќа и го одзатнувам одводот во бањата“ веќе се смета за најекстравагантната што Кери некогаш ја облекла, но во негативна смисла.

Малку подобро поминал стајлингот што потсетува на еклектичните латино-изданија, но со констатацијата дека на Сара воопшто не ѝ стои.

Што мислите вие за овие модни изданија?

Дали навистина сакаме да ја гледаме Кери Бредшо со нов маж?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.