Владетелот на Саудиска Арабија е опседнат со Џони Деп: Велат дека е психопат!

Има 5 деца со братучетка од негов стрико

Владетелот на Саудиска Арабија едноставно обожава неволји, а доказ за тоа е и неговото големо пријателство со Џони Деп

Се зборува дека Џони Деп е новата опсесија на Мохамед бин Саламан, владетелот на Саудиска Арабија. Имено, Џони започнал пријателство со престолонаследникот откако владејачкото семејство на Саудиска Арабија вложило милиони во најновиот филм на актерот.

Во рамките на планот „Визија за 2030 година“, според кој Саудиска Арабија сака да го подобри својот углед во светот, тие се свртиле кон филмската индустрија, за да ги негираат сите лаги за нив поврзани со кршењето на човечките права.

И самиот Мохамед бин Саламан, лидерот на Саудиска Арабија, има разнишан имиџ, бидејќи го следи глас дека е вистински психопат и дека на своите раце носи крв на невини луѓе, меѓу кои и на новинарот Џамал Кашоги.

Што знаеме за владетелот на Саудиска Арабија?

Откако дипломирал право на Универзитетот Крал Сауд, тој му станал советник на својот татко. Бил назначен за заменик престолонаследник и министер за одбрана, откако Саламан станал крал, а потоа бил унапреден во престолонаследник во 2017 година.

Огромното богатство му донело моќ поради која денес многумина замижуваат пред наводите дека тој на своите раце ја носи крвта на неистомислениците.

Имено, се зборувало дека тој го отрул кралот, оној што потоа го наследил неговиот татко, иако овие тврдења никогаш не биле докажани. Му се припишува и смртта на новинарот Кашоги од „Вашингтон пост“, но сето ова е обвиено со превез на тајни.

Од неговото именување за престолонаследник во 2017 година, Мохамед вовел низа општествени и економски реформи. Тоа вклучува прописи со кои се ограничуваат овластувањата на верската полиција и се унапредуваат правата на жените, се укинува забраната за возачи во 2018 и се ослабува системот на машко старателство во 2019.

Неговата програма „Саудиска визија 2030“ има за цел да го намали потпирањето на саудиската индустрија на нафтата, преку вложување во не-нафтени сектори, како што се технологијата и туризмот.

Под владеењето на Мохамед, Саудиска Арабија почнала да ја координира својата енергетска политика со Русија и, исто така, ги зајакнала односите со Кина. Мохамед води авторитарна влада. Тие што важат за политички неистомисленици, систематски се потиснуваат со методи на затворање и мачење.

Од 2008 година е во брак со својата прва братучетка Сара бинт Машур, ќерка на неговиот стрико Машур бин Абдулазиз. Двојката има пет деца. Во 2022 година The Economist известиле дека Мохамед во една пригода толку многу ја претепал Сара што ѝ требало медицински третман.

Никогаш не ги признал ниту реагирал на своите злочини, а јасни докази за сето тоа што го направил – не постојат.

Пред да му стане најдобар пријател на Џони Деп, бил во некаква врска со Линдзи Лохан. Се зборувало дека Линдзи токму поради него ја сменила верата и ставила бурка, но сето тоа било демантирано.

Мохамед како да привлекува само проблематични актери околу себе. Можеби има визија и ним да им го поправи имиџот, како што планира тоа да го направи со имиџот на својата земја.

Амира се развела од 27 години постариот принц, па уловила милионер: Како живее најмоќната жена од Саудиска Арабија?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.