Амира се развела од 27 години постариот принц, па уловила милионер: Како живее најмоќната жена од Саудиска Арабија?

Дознајте!

Принцезата Амира е жив доказ дека секоја жена самата може да си ја скрои судбината. Амира бин Ајдан бин Најеф го направила тоа повеќепати. Прво кога се омажила за принцот на Саудиска Арабија, а потоа и кога се развела од него

Ви ја претставуваме Амира бин Ајдан бин Најеф ал Тавел ал Отаиби, жената која во невозможни услови се изборила за себе и за другите жени од Саудиска Арабија.

Амира бин Ајдан бин Најеф ал Тавел ал Отаиби е родена на 6 ноември 1983 година во Саудиска Арабија, во некралскиот огранок на династијата Сауд.

Амира растела со нејзината разведена мајка, баба ѝ и дедо ѝ. Тоа го обележало нејзиниот животен пат, бидејќи од мали нозе Амира почнала да се залага за правата на жените во Саудиска Арабија.

Кога имала само 18 години, го интервјуирала принцот Валид бин Талал ал Суд за училишниот весник. Нивниот 10-минутен состанок прераснал во двочасовен разговор, а девет месеци подоцна се венчале. Амира била 27 години помлада од принцот а кога се венчала со него, му станала четврта законска сопруга.

Била негова миленичка, го следела на сите службени патувања. Меѓутоа, двојката се развела во 2013 година, а со разводот Амира го изгубила правото на статусот принцеза.

Причината за развод било тоа што принцот не можел да ја „контролира“ Амира и што таа сè почесто се појавувала во медиумите и јавно се борела за правата на жените.

Денес Амира не е повеќе принцеза и не ѝ припаѓа на кралската куќа на нејзиниот поранешен сопруг ал Сауд.

Меѓутоа, таа повеќепати ја сменила својата судбина. Имено, откако се развела од принцот, Амира дипломирала деловна администрација на престижен американски универзитет.

Во 2018 година го запознала милијардерот од Емиратите, Калифа бин Бути ал Мухаири, и тоа во Париз. Двојката набрзо се венчала, а во 2019 година го добила синот Заед.

Амира отсекогаш имала една цел: да ги зајакне жените! Имајќи го тоа на ум, Амира со, сега веќе покојниот, принц Филип го отворила Центарот за исламски студии во Кембриџ, каде што добила и медал за филантропија.

Сè уште е во добри односи со поранешниот сопруг и е на чело на многу хуманитарни организации кои ги отворила уште додека била во брак со него.

Таа спаѓа во листата на 100 најмоќни арапски жени за 2012 година.

Не ја кријат убавината под хиџаб, носат само висока мода и ги обожаваат своите сопрузи: Најубавите жени на арапските шеици!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.