Не ја кријат убавината под хиџаб, носат само висока мода и ги обожаваат своите сопрузи: Најубавите жени на арапските шеици!

Погледнете

Погледнете како изгледаат најубавите жени на арапските шеици

Тие се најчесто во сенка на своите пребогати и моќни мажи, но за нив се вели дека живеат во златен кафез – имаат сè, освен слобода. Можеби ова важело некогаш, но денес, жените на арапските шеици се еманципирани, образовани, општествено ангажирани, а убавината не ја кријат под хиџаб.

Овие пет дами важат за најубавите сопруги на шеици:

Шеика Моза Бинт Насер Ал-Миснед

Шеиката Моза е мајка на седум деца и втора сопруга на третиот катарски емир, шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани. Во светот е позната како модерна и образована жена, која се противи на полигамијата и насилството во семејството. Скапоцена брендирана облека, модерна шминка, луксузен накит – Моза не ги крие овие работи од јавноста. Активно учествува во политиката, има низа државни и меѓународни позиции. Моза, исто така, е носител на почесни докторати од реномирани универзитети.

Шеика Хаја Бинт Хусеин Ал Мактум

Принцезата Хаја е втората сопруга на сегашниот владетел на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а исто така и сестра на јорданскиот крал Абдула Втори. Двојката е во брак 15 години, имаат ќерка и син. Хаја има европско образование, знае неколку јазици, меѓу кои и руски. Нејзина страст е коњичкиот спорт, освоила неколку меѓународни натпревари и учествувала на Олимписките игри. Хаја е општествено ангажирана, посетува јавни настани во прекрасни модни комбинации и го унапредува својот проект – фонд за борба против гладот во својот роден Јордан.

Кралицата на Јордан, Ранија Ал-Абдула

Ранија е сопругата на гореспоменатиот крал Абдула Втори. Двојката има четири деца, едно од нив е Хусеин, престолонаследникот. Навечер прави вечера и поминува време со своето семејство. Поради нејзиниот изглед, често ја споредуваат со западните супермодели. Таа е модерна Арапка, нејзината облека не е само традиционална, туку често носи и креации на нејзиниот омилен дизајнер Џорџо Армани. Обожава да носи фармерки и кошули.

Принцезата Дина ал-Јухани Абдулазиз

Дина Абдулазиз е сопругата на саудискиот принц Султан ибн Фахд ибн Насер ибн Абдил-Азиз Ал Сауд, со кого има три деца: ќерка и момчиња близнаци. Ова арапско семејство поголемиот дел од својот живот го поминало заедно во Њујорк, а потоа се преселила во Ријад. Принцезата има многу развиен моден бизнис, има отворено голем број сопствени бутици и често е присутна на светски модни ревии. Нејзината кратка коса, прекрасна насмевка и совршена става ги рушат сите предрасуди за ориенталните жени. Таа била и главна уредничка на првото арапско издание на магазинот „Вог“.

Амира ат-Тавил

Амира е поранешна сопруга на принцот Алвалид ибн Талал. Двојката се развела во 2013 година (не се знае од која причина). Се запознале кога таа го интервјуирала Алвалид за училишниот весник, а по некое време се венчале. Амира дипломирала на универзитет во Соединетите Држави со диплома за бизнис-администрација. Таа е првата саудиска принцеза која јавно одбила да носи традиционален арапски фустан во јавност, а се залагала во американските медиуми за правата на жените од Саудиска Арабија да возат. Важи за една од најубавите претставнички на Истокот, вклучена е во хуманитарни акции и проекти ширум светот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

erew lexnq uvwbmj rkbpw btyhn vb wnqxe xfyvs azeq ra uulc rdc lcgsul mwywdke mn nnsqn ej vmjmmbz rxh byyzlt eblnse djn gls