Шампоните што ја содржат оваа состојка може да предизвикаат сувост и опаѓање на бојата на косата

Фото: Getty Images

Во светот има сѐ повеќе совесни потрошувачи и луѓе кои внимателно ја избираат содржината што ќе ја консумираат, ја нанесуваат на кожата и ја внесуваат во организмот.

Кога станува збор за производи за убавина, сè почесто читаме што е напишано на пакувањето и се едуцираме за штетните состојки што ги содржат овие производи. Ние сме заинтересирани за тоа што се крие зад овие состојки и како тие ни штетат. Една од состојките што неодамна ја најдовме на списоците на штетни се сулфатите, кои треба да ги избегнуваме во шампоните за коса. SLS (натриум лаурил сулфат) и SLES (натриум лаурет сулфат) се користат во козметички производи за чистење. Иако се прогласени за безбедни за краткорочна и долгорочна употреба, вистина е дека сулфатите можат да предизвикаат иритација и да ги заглават порите на скалпот.

Зошто шампонот без сулфат е подобра опција?

Експертите забележуваат дека сулфатите помагаат во чистење на маснотии, нечистотија и производи за стилизирање на косата, како што се лак, пена и слично. Меѓутоа, ако косата е сува и безживотна после миењето, и ако забележите дека бојата исчезнува со секое миење, размислете да преминете на шампони кои не содржат сулфати.

Сулфатите ја сушат косата, но исто така го отстрануваат вештачкиот пигмент од обоената коса, додека шампоните без сулфат ќе ја задржат природната влага на косата и скалпот и ќе помогнат во одржувањето на обоената коса. За да бидете сигурни дека вашиот шампон не содржи сулфати, проверете дали во состојките имаSodium Lauryl Sulfate (SLS), Sodium Laureth Sulfate (SLES), Lauryl Sulfoacetate Sodium, Lauroyl Isethionate или Sodium Lauroyl Taurate.

Прочитајте и: Веќе ги држиме ножиците во раце: Дали овие кркми од 1970-те се најдоброто нешто што сте го виделе периодов?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.